Анастасија Богдановски
Македонска пливачка
Анастасија Богдановски - македонска пливачка.
Животопис
уредиАнастасија живее во Фанвуд, Њу Џерси, а студира биомедицинско инженерство на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Балтимор.[1]
Кариера
уредиСветско првенство 2015
уредиНа светското првенство во Казан, одржано во август 2015 година, Богдановски го освоила 35. место на трката на 100 метри слободен стил и ја обезбедила олимписката Б-норма. Притоа, постигнала време од 56,12 секунди, со што поставила нов рекорд на Македонија, соборувајќи го претходниот свој рекорд за 24 стотинки. Претходно, таа поставила рекорд и на трката на 200 метри слободен стил, со време од 2 минути, една секунда и 280 стотинки.[1]