Анасонкаракија зачинета со анасон.[1]

Анасоново семе

Анасонката се подготвува како која било ракија (гроздовица, коминарка, сливовица...) со то што во текот на варењето (дестилацијата) во казанот со комината се додава анасон. Количината анасон која се додава е според личен вкус.

Се пие изладен, без лед, како аперитив пред јадењето.

Други пијалаци со вкус на анасон се мастиката, грчкото „узо“, францускиот „перно“, „рикар“, „пастис“, шпанското „анисадо“, италијанската „самбука“, турската „јени ракија“.

Много луѓе мислат, дека пијалаците со анасон се во суштина исти. Вистината е дека тие се многу слични, но постојат одредени технолошки разлики со малку примеси, коишто создаават минимални разлики меѓу различните видови пијалаци.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди