Анадолски народи
Анадолците биле индоевропски народи кои живееле во Анадолија во денешна Турција, и кои зборувале анадолски јазици.[1] Овие народи биле меѓу најстарите индоевропски етнолингвистички групи и едни од најархаичните, бидејќи Анадолците биле меѓу првите индоевропски племиња кои се одделиле од индоевропската прататковина, од каде потекнуваат индоевропските народи.[2][1]
Историја
уредиПотекло
уредиЗаедно со пра-тохарските племиња, кои мигрирале источно, Анадолските племиња се меѓу првите бранови на миграција на Индоевропејци од Евроазиската степа.[3] Тие пристигнале во Анадолија од север, или преку Балканот или преку Кавказ, во 3 милениум п.н.е.,[1][4][5] или директно од Кавказот, каде што претходно живееле, што е помалку веројатно.[6] Оваа миграција не е документирана археолошки,[5][7] и иако е познато дека користеле запрежни коли, миграцијата веројатно се случила пред Индоевропејците да ја користат кочијата за војна.[3][8] Споредбата на хетитските земјоделски термини со оние на другите индоевропски подгрупи укажува на тоа дека Анадолците се отцепиле од другите Индоевропејци пред воспоставувањето на заедничка земјоделска номенклатура, што укажува на тоа дека тие влегле во Анадолија како кохезивна група преку заедничка рута.[5]
Анадолските народи биле „натрапници“ во област во која локалното население веќе основало градови, воспоставило писмени бирократии и воспоставило кралства и култови кон палатата.[2] Откако влегле во регионот, културата на локалното население, особено на Хатите, имала значително влијание врз нив, како јазично, политичко и религиозно.[5] Според Кристофер И. Беквит, Анадолците пристигнале во Анадолија откако претходно биле најмени од Хатите да се борат против другите индоевропски групи кои вршеле инвазии.[7]
Бронзено време
уредиНајстарата јазична и историска атестација на Анадолските народи се споменува во асирските трговски текстови во 19 век п.н.е. во Канеш.[7][9] Канеш во тоа време бил главен центар на мрежата на асирските трговци каде поминувала трговијата помеѓу Асирија и завојуваните анадолски кралства. Тоа секако ја зголемило моќта на анадолските народи кои го населувале градот.[2]
Хетитите се најпознати од анадолските народи. Првично се нарекувале Нешити, по нивото седиште Канеш, кој во одреден момент го зазеле од Хатите, а потоа го зазеле и нивниот главен град Хатуша. Хетитскиот јазик постепено го заменил хатитскиот како доминантен јазик во Анадолија.[1] Откако обединиле повеќе Хатитски кралства во Анадолија, Хетитите започале да основаат империја во 17 век п.н.е.[2] Тие го ограбиле Вавилон, заземале асирски градови и се бореле со Египетското кралство.[2] Нивната империја исчезнала со колапсот на доцното бронзено време во 12 век п.н.е. Бидејќи хетитскиот јазик бил јазикот на елитата, тој изумрел со пропастот на империјата.[2]
Друга анадолска група биле Лувијците, кои мигрирале во југозападна Анадолија во раното бронзено време.[10] За разлика од Хетитите, лувискиот јазик нема заемки од хатитскиот, што укажува на тоа дека иницијално бил зборуван во западна Анадолија.[2] Лувијците населувале голема област и нивниот јазик бил зборуван по колапсот на Хетитската империја.[2]
Најмалку позната анадолска група се палајските народи, кои го населувале регионот на Пала во северна Анадолија.[10] Оваа област најверојатно претходно била населувана од Хати. Веројатно е дека палајските народи исчезнале со инвазијата на Каскијците во 15 век п.н.е.[11]
Наводи
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Mallory 1997, стр. 12–16
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Anthony 2007, стр. 43–48
- ↑ 3,0 3,1 Beckwith 2009, стр. 32
- ↑ Hock & Joseph 1996, стр. 520–521
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 „Anatolian languages“. Encyclopædia Britannica Online. Посетено на July 2, 2018.
- ↑ Lazaridis и др. 2022.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Beckwith 2009, стр. 37–39
- ↑ Anthony 2007, стр. 64–65
- ↑ Fortson, IV 2011, стр. 48
- ↑ 10,0 10,1 „Anatolia: The rise and fall of the Hittites“. Encyclopædia Britannica Online. Посетено на July 3, 2018.
- ↑ Ramat, Anna Giacalone; Ramat, Paolo (2015). The Indo-European Languages. Routledge. стр. 172. ISBN 978-1134921874.
The Palaic peoples were very quickly overwhelmed by the invasions of the Kaskas, a non-IE people from the East, who swept them away and for centuries kept attacking the Hittite kingdom
Извори
уреди- Anthony, David (2007). The Horse, the Wheel, and Language: How Bronze-Age Riders from the Eurasian Steppes Shaped the Modern World. Princeton University Press. ISBN 978-0-691-05887-0.
- Beckwith, Christopher I. (2009). Empires of the Silk Road: A History of Central Eurasia from the Bronze Age to the Present. Princeton University Press. ISBN 978-1-4008-2994-1. Посетено на 30 October 2012.
- Fortson, IV, Benjamin W. (2011). Indo-European Language and Culture: An Introduction. John Wiley & Sons. ISBN 978-1-4443-5968-8. Посетено на 30 October 2012.
- Hock, Hans Heinrich; Joseph, Brian Daniel (1996). Language History, Language Change, and Language Relationship: An Introduction to Historical and Comparative Linguistics. Walter de Gruyter. ISBN 3-1101-4784-X. Посетено на 30 October 2012.
- Mallory, J. P. (1997). Encyclopedia of Indo-European Culture. Douglas Q. Adams. ISBN 1884964982. Посетено на 23 March 2013.
- Melchert, H. Craig (2012). „The Position of Anatolian“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-09.
- Sharon R. Steadman; Gregory McMahon (15 September 2011). The Oxford Handbook of Ancient Anatolia: (10,000–323 BCE). Oxford University Press. ISBN 978-0-19-537614-2. Посетено на 23 March 2013.
- Lazaridis, Iosif; и др. (2022). „The genetic history of the Southern Arc: A bridge between West Asia and Europe“. Science. 377 (6609). doi:10.1126/science.abm4247.