Амундсенов Залив
71°00′N 124°00′W / 71.000° СГШ; 124.000° ЗГД
Амундесовиот Залив се наоѓа помеѓу северозападната канадска територија, островите Банкс и Викторија и Бофортовото Море. Заливот е долг 402 км и широк 150 км. Заливот го истражувал норвежанецот Роалд Амундсен (по којшто е именуван заливот) помеѓу 1903 и 1906. Амундесовиот залив се наоѓа на западниот крај на Северозападниот проток, морскиот пат кои го поврзува со Тихиот Океан. На бреговите околу заливот живеат многу малку луѓе, но сепак има населени места како што се: Сакс Харбор, Холман и Полатук. На север од заливот се наоѓа протокот на Принцот од Велс. На југоисток и исток заливот води преку протокот Долфин и Јунион во заливот Симпсон потоа во залив Корнејшн. На запад и северозапад може да се дојде до Бофортовото Море и Северноледениот Океан. На целиот залив владее полара клима, која има екстремно ладна зима. Амундесовиот залив е прекриен со лед во најголемиот дел од годината.
Поврзано
уредиОваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |