Амстел

река во Холандија
(Пренасочено од Амстел (река))
52°22′08″N 4°53′33″E / 52.36889° СГШ; 4.89250° ИГД / 52.36889; 4.89250

Амстел (холандски: Amstel) — река во Холандија, која тече низ градот Амстердам. Името на реката потекнува од Aeme stelle, стар холандски збор за „област богата со вода“.

Амстел
Река
Реката Амстел низ центарот на Амстердам.
Земја Холандија
Покраина Северна Холандија
Извор Арканал
 - место Ниувен, Јужна Холандија
 - координати 52°12′24″N 4°44′05″E / 52.20667° СГШ; 4.73472° ИГД / 52.20667; 4.73472
Утока Еј
 - местоположба Амстердам, Северна Холандија
 - координати 52°22′08″N 4°53′33″E / 52.36889° СГШ; 4.89250° ИГД / 52.36889; 4.89250
Должина 31 км
Местоположба на Амстел со темносино
Местоположба на Амстел со темносино
Местоположба на Амстел со темносино

На реката се наоѓаат некои од најпознатите мостови во Амстердам. Покрај реката се наоѓаат Градското собрание Стопера и операта и театарот Каре.

Покрај реката секоја година се одржува телевизиски концерт посветен на Денот на Ослободувањето (Bevrijdingsdag).

Пивото Амстел е именувано по реката. Пиварницата Амстел, како и многу други пиварници, биле сместени близу реката Амстел поради чистата вода, која била користена за производство на пиво.

Филм уреди

  • Дијамантите се вечни (филм за Џејмс Бонд), 1971: Телото на учителката г-ѓица Вистлер е пронајдено во реката откако умира од рацете на убиствениот двоец на г-дин Винт и г-дин Кид, кои потоа го сликаат нејзиното тело во водата со намера да ги пратат сликите на децата кои ги учела.[1][2]

Галерија уреди

 
Реката Амстел во Амстердам, панорамски поглед кој ги прикажува Стопера и Блаувбриг (лево) и Амстелхоф (десно), кој е дом на музејот Ермитаж Амстердам

Наводи уреди

  1. „Филмски локации за Дијамантите се вечни“, Internet Movie Database
  2. „„Г-ѓица Вистлер (улога)", Internet Movie Database“. Архивирано од изворникот на 2014-10-01. Посетено на 2014-02-22.