Америка на крстопат

Америка на крстопат: демократија, моќ и неоконзервативното наследството е книга од Френсис Фукујама објавена во 2006 година. Во оваа книга, накратко е претставена историјата на неоконзерватизмот, со посебен фокус на главните принципи и политички импликации во американската политика.

Америка на крстопат
АвторФренсис Фукујама
Изворен наслов''America at the Crossroads: Democracy, Power, and the Neoconservative Legacy ''
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
ЖанрФилозофија
Издадена
прво издание: 2006 година во САД

Фукујама ги образложува своите врски со неоконзерватизмот и неговите приврзаници, со администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш и поддршката која ја дал на оваа американска влада. Фукујама ги нагласува контроверзии што го опкружуваат неоконзерватизмот, опишувајќи како се развива во нешто што тој не може повеќе да го поддржува [1]. Тој сугерира дека неоконзерватизмот кон крајот на Студената војна имал четири заеднички принципи:

  • загриженост за демократијата, човековите права и воопшто внатрешната политика на државите
  • верување дека моќта на САД може да се користи за морални цели
  • скептицизам во врска со способноста на меѓународното право и институциите за решавање на сериозни безбедносни проблеми, и конечно
  • мислење дека амбициозното општествено инженерство често води до неочекувани последици и често ги поткопува сопствените цели [2]

Според овој автор, овие четири принципи не заземат централно место во современиот неоконзерваризам и дека поистоветувањето и врските на неоконзерватизмот со администрацијата на Буш и влијанието на неоконзерватизмот во надворешната политика на оваа влада се заблуда.

Фукујама на многу јасен начин ја претставува една од главните причина за раскинувањето со политиката на Џорџ Буш и неоконзерватизмот - Ирачката војна. Меѓутоа, главната причина за несогласувањата не е самата Војна, туку начинот на која таа била спроведена. Авторот тврди дека инвазијата врз Ирак била лошо испланирана и водена, и дека администрацијата на Џорџ Буш го потценила општественото инженерство која ќе биде потребна за да се создаде нова демократија по војната.

Авторот на оваа книга, во согласност со своите видувања, истакнува дека администрацијата на Џорџ Буш води погрешна надворешна политика која главно се потпира на употребата на сила без дополнителна зајакната дипломатија и усогласеност со американските сојузници. Според Фукујама, администрацијата на Буш со својата надворешна политика придонела да создаде, на глобално ниво, едно силно антиамериканско расположени, а меѓу другото Соединетите Американски Држави ги влошиле своите односи со Руската Федерација и Народна Република Кина, меѓутоа и со традиционалните сојузници Германија и Франција. Авторот посочува дека надворешната политика на Буш може да доведе до меѓународна изолација на Соединетите Американски Држави.

На крајот на книгата, Фукујама предлага нов поредок во меѓународната политика, се наведува дека на постојниот светскиот поредок му е потребна промена во постојните институции, залагајќи се она што тој го нарекува мулти-мултилатерализам или нов Вилсонизам. Од денешна перспектива, може да се каже дека некои од тезите на Фукујама за американската надворешна политика, изнесени во оваа книга, во одредена мера се прифатени од администрацијата на Барак Обама.

Извори

уреди
  1. America at the Crossroads: Democracy, Power, and the Neoconservative Legacy (Yale University Press, 2006). ISBN 0-300-11399-4
  2. Се однесува на Комунизмот