Амам на Коџа Мустафа (Струмица)
Амамот на Коџа Мустафа — поранешен амам кој се наоѓал во градот Струмица.
Амам на Коџа Мустафа | |
---|---|
Општи податоци | |
Вид | амам |
Стил | османлиска архитектура |
Адреса | улица Ленинова |
Град | Струмица |
Земја | Македонија |
Почната | 16 век |
Урната | 20 век |
Нарачател | Коџа Мустафа Паша |
Висина | 4 м |
Димензии | |
Други димензии | влез 70 см х 1,70 см |
Технички податоци | |
Подна површина | 145 м2 |
Амамот бил изграден во денешниот централен дел на градот на улица Ленинова. Тој бил откриен во март 1983 година со краткотрајното заштитно археолошко истражување при рушењето на куќи изградени по 1922 година а за изградба на станбена зграда во близина на денешната зграда на собранието. Амамот бил изграден од Коџа Мустафа во времето на султанот Бајазит II (1481-1512) кога дарителот Коџа Мустафа Паша станал везир при Високата порта.
Од амамот биле откриени шест простории, резервоарот за вода и влезот од јужната страна. Амамот зафакал површина од 145м2 со дебелина на ѕидовите од 90 сантиметри и со различна височина на сочуваност на ѕидовите од 1,30 до 4 метри кои биле пресечени со поставувањето на темелите на станбените објекти меѓу двете светски војни кога било целосно уништени и куполното засведување на просториите. Со краткотрајните археолошки истражувања било констатирано дека во внатрешноста влезовите и другите функционални елементи кади - гуртни биле уништени, а сегментарно биле зачувани делови од камен под од плоснати камени плочи што укажува на престанок на активноста на амамот и пренамена за затвор во првите години на XX век.
Ориентацијата на амамот е север - југ, а поголем дел од просторите имаат квадратна основа на југоисточната страна додека една со правоаголна основана северозападната страна. Амамот имал мали влезови со ширина од 70 см. висина 1,70 см. а граден бил од печена тула. При градењето биле користени конструктивни елементи пандантифи, лакови преземемени од локалната византиска традиција, засведувањето на просторите со куполно и полубачвесто засведување. Според сегментите од деловите од куполите тие биле перфорирани со мали ѕвездести отвори, а внатре бил украсен со сина боја во калотите црвена и на ѕидовите и сталактитите на аглите.
Амамот со одлука на комисија на тогашниот Републички завод за заштита бил срушен, а на негово место била изградена станбена зграда[1].
Наводи
уреди- ↑ ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – СТРУМИЦА (2014). ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ ВО СПОМЕН НА ЕМИЛИЈА ПЕТКОВСКА.