Инцидент Амакасу

(Пренасочено од Амакасу инцидентот)

Инцидентот Амакасу се случил на 16 септември 1923 во Јапонија, во хаосот кој следувал после Големиот Канто земјотрес. Плашејќи се дека анархистите ќе ја искористат ситуацијата за да ја отфрлат власта, еден вод од воената полиција предводен од поручникот Масахико Амакасу ги уапси Сакае Осуги, Ное Ито и шестгодишниот внук на Сакае. Потоа тие беа претепани до смрт, а нивните тела фрлени во бунар.

Исечок од Маинчи Шимбун, за смртта на Ное Ито и Сакае Осуги.

Убиството на тие анархисти заедно со шестгодишното дете, стана познато како Амакасу инцидентот.

Во филмот од 1969, Ерос плус масакар, се опишува инцидентот.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди