Алфред Тајер Махан

Алфред Тејер Махан ([məhæn], 27 септември 1840 - 1 декември 1914) бил американски поморски офицер и историчар , кој Џон Киган го нарекол "најважниот американски стратег од XIX век".[1] Неговата книга "Влијанието на поморската моќ врз историја", 1660-1783 (1890) добила непосредно признание, особено во Европа, и со својот наследник, Влијанието на поморската моќ на француската револуција и империја, 1793-1812 (1892), го направила светски познат и можеби највлијателен американски автор од XIX век.[2] Неговите ставови се основа на модерниот правец на таласократијата односно за пресудното значење на поморската моќ во современата геополитика и геостратегија.

Алфред Тајер Махан
Починалдекември 1, 1914(1914-12-01) (возр. 74)
Вашингтон, САД
Држава САД
РодМорнарица
Чин Капетан
резервен Адмирал (по пензионирањето)
Заповедал соUSS Chicago
Битки/војниАмериканска граѓанска војна
Потпис

Гледишта

уреди

Повикувајќи се на англискиот пример на превласт и доминација заснована на поморската надмоќ и империја повикувал за прекинување на американската политика на изолационизам и нејзино стапување на глобалната сцена како светска сила преку изградба на силна морнарица и контрола на важните поморски точки како теснеци и протоци низ кои поминуваат главните и најзначајни поморски трговски линии т.н. тесни грла (анг. chokepoints). Во своето најпознато дело „Влијанието на поморската сила врз историјата“ (1890), Махан наведува шест основни фактори кои влијаат на развојот на поморската моќ: географската положба, физичка структура и конфигурација на бреговите, големината на територијата, бројот на населението, националниот карактер, како и карактерот на државната власт во смисла на политичкиот систем, сфаќањата и гледиштата на политичкото водство[3]. Тој предложил дека САД треба изградат своја флота и поморски бази паралелно на британските од Куба и Панама во Атлантскиот до Хаваите и Филипините во Тихиот Океан[4]. Согледувајќи го искуството од британската империјална доминација во светот Махан заклучил дека поморската надмоќ е клучна за проектирањето на моќ во светот и е тесно поврзана со економската ефикасност и можноста за пловидба, трговија и блокада на останатите европски и светски држави (преку контрола на стратешките точки - теснеци низ кои минуваат линиите на поморски транспорт) при што сето тоа неминовно води кон можност за превласт во светот. На основа на овие гледишта преку концептот за проекција на моќ со подоцнежниот технолошкиот развој се развиени и геополитиката на воздушниот и вселенскиот простор. Изнесената идеја на Махан за стапување на САД како голема сила на глобалната сцена е всушност и темелната основа на сите современи геополитички гледишта за САД како светска велесила и хегемон, од кои најпознати се оние на Хенри Кисинџер и особено на Збигњев Бжежински.

Наводи

уреди
  1. Киган, Џон . Американската граѓанска војна Knopf, 2009, 272.
  2. Сузан Гајслер, Бог и Море Моќ: Влијанието на религијата на Алфред Тајер Махан (Анаполис: Институт за поморски бродови, 2015), 1.
  3. Jones, Stephen (1955). „Global Strategic Views“. Geographical Review (англиски). American Geographical Society. 4 (45): 492–508. doi:10.2307/211614.
  4. Милески, Тони (2015). Политичка географија и геополитика. Скопје: Филозофски факултет. стр. 14–28.