Резонанца
Резонанца или резонанција ― тежнеење на системот да осцилира со поголема амплитуда на точно одредена фреквенција. Ваквата фреквенција, иако со мала сила, може да предизвика голема амплитуда на осцилирање на системот, бидејќи таа се поклопува со фреквенцијата на самиот систем, кој ја складира вибрационата енергија.[1] Во зависност од структурата на системот, при резонанција можно е истиот да се распадне, деформира или оштети. Резонанција се појавува кај сите видови вибрации и бранови. Постојат механичка резонанција, акустична резонанција, електромагнетна резонанција, нуклеарно-магнетна резонанција, резонанција на квантумските бранови, итн.
Пример за резонанција од секојдневниот живот е случајот на нишање лулашка. Туркањето на лулашка со иста сила во периоди на нејзината резонантна фреквенција, ќе предизвика таа да оди погоре и погоре, додека обидот да осцилира побргу или побавно, ќе резултира со намалување на резонанцијата и висината до која ќе се искачува.
Друг пример е кога имаме вртење на оска. Кога фреквенцијата на вртење ќе се совпадне со фреквенцијата на оската (ќе се појави резонанција), доаѓа до нејзино искривување.
ГалеријаУреди
Биење
Резонанција на математички нишала
Резонанција
Звучна резонанца на воздушен столб
НаводиУреди
- ↑ Katsuhiko Ogata (2004). System Dynamics (4th ed.). University of Minnesota. p. 617