Алексеј Жигалкович

Белоруски пејач

Алексеј Александрович Жигалкович (белоруски: Аляксей Аляксандравіч Жыгалковіч; роден на 18 април 1996 година во Минск) - белоруски пејач. Тој учествувал на Детската Евровизија 2007 и победил со еден бод повеќе од ерменскиот вицепрвак. Ја отпеал песната „С друзьями“ (Со другарите). Таа била песна со брзо темпо и енергично танцување. Оваа песна тој самиот ја напишал.[1]

Алексеј Жигалкович
Животописни податоци
Роден(а)18 април 1996(1996-04-18)(28 г.)
ПотеклоМинск, Белорусија
Инструментивокал

Тој бил втор победник на овој натпреварување од Белорусија, по Ксенија Ситник во 2005 година.[2]

Алексеј е добитник на награди на неколку други меѓународни музички натпревари во Белорусија, Италија и Бугарија:

  • 2005 година: Тој јо отпеал „Lo zio Bé“ (Дзе каза рогам) на италијанскиот натпревар на песни „Зекино д’Оро“ (Златна паричка) . Песната ја добила наградата „Зекино д’Аргенто“ (Сребрена паричка) за најдобра неиталијанска песна.[3] Наградата не била доделена на Алексеј, туку на авторот.
  • 2006 година: Втора награда за деца-пејачи на Славјанскиот пазар во Витебск.[4]

Наводи

уреди
  1. Илона Галицкая заняла девятое место на международном детском конкурсе Евровидение-2007 Архивирано на 20 октомври 2008 г. (руски)
  2. Junior Eurovision Song Contest: History of the Contest
  3. „Архивиран примерок“ (италијански). Архивирано од изворникот на 3 октомври 2011. Посетено на 2011-05-23.
  4. “Slavianski Bazaar in Vitebsk” of 2006 Архивирано на 16 август 2011.

Надворешни врски

уреди
Награди и достигнувања
Претходник
Андреј Кунец
со „Новый день“
Белорусија на Детската Евровизија
2007
Наследник
Даша, Алина и Карина
со „Сердце Беларуси“
Претходник
  Близначки Толмачеви
со „Весенний джаз“
Победник на Детската Евровизија
2007
Наследник
  Бзикеби
со „Бзз...“