Александар дел Вал

Александар дел Вал (француски: Alexandre del Valle; р. 6 септември 1969 во Марсеј) — француски политиколог, новинар, автор на бројни книги, статии и научни извештаи во областа на меѓународните односи и геополитика. Главно е познат поради неговите критики за радикалниот ислам и е поборник на теоријата „сојуз црвено-зелено-кафеаво“.[1] Неговите истражувачки полиња се радикалниот ислам, новите геополитички закани, цивилизациските конфликти и тероризмот, како и средоземните проблеми со предложното пристапување на Турција во Европската Унија.

Александар дел Вал
Роден(а)Александар дел Вал
6 септември 1969(1969-09-06)(55 г.)
Франција Марсеј, Франција
НационалностФранција француско
ОбразованиеИнститут за политички студии Париз
Институт за политички студии Екс ан Прованс
Занимањеуниверзитетски професор
писател
ПартијаУнија за народно движење (денес)
Движење за Републиката (порано)
СопружникМоника Алтман (2001–денес)
Страница
AlexandredelValle.com

Животопис

уреди

Личен живот

уреди

Дел Вал е роден на 6 септември 1969 година во Марсеј. Неговиот татко бил Сицилијанец кој се населил најпрвин во Тунис, а подоцна во Марсеј (јужна Франција). Неговата мајка потекнува од антифранкистичко (шпанско) семејство населена во Оран, Алжир, а подоцна во Марсеј.[2] Во 2001 година, Дел Вал се оженил со Моника Алтман, која има еврејско-аргентинско потекло. Името Александар дел Вал е најверојатно псевдоним, кој го користи од безбедносни причини, бидејќи бил јавен службеник пред да стане писател и поради контроверзноста на неговите книги и изданија.

Образование

уреди

Дел Вал го посетувал Паришкиот институт за политички студии и се здобил со диплома на Институтот за политички студии во Екс ан Прованс. Се насочил на меѓународните односи и на геополитиката во арапско-муслиманскиот свет.[2]

Добил докторската дисертација на Универзитетот на Монпелје на тема „Западот и втората деколонизација: индихенизам и исламизам од Студената војна до наши денови“.[3]

Професионална кариера

уреди

Александар дел Вал предава геополитика и меѓународните односи во бизнис школата Ла Рошел (Франција)[4].

Книги

уреди

Во својата прва книга „Исламизам и САД: еден сојуз против Европа“ (1997), тој ги анализира муџахедините поддржани од американското разузнавање за време на војната во Авганистан (1979-1989). Дел Вал ја анализира улогата на САД да ги користат исламистите да се справи со Советскиот Сојуз[5].

Вкупно, Дел Вал има објавено седум книги со публицистика, во кое тој го анализира подемот на исламизмот, кој тој го нарекува нов вид на тоталитаризам; Западната цивилизација и кризата на Западниот идентитет; геополитика на Турција и кандидатурата на земјата за Европската унија; како и конфликтот во Сирија[6].

Публикации

уреди
  • La Maronité politique, Le système confessionnel libanais et la guerre civile, IEP d'Aix-en-Provence, 1992 (mémoire).
  • Statut légal des minorités religieuses en terres d'Islam, Faculté de droit d'Aix-en-Provence, 1993 (mémoire).
  • La Théorie des élites, Faculté de Sciences politiques de Milan, 1993 (mémoire de DEA en histoire des doctrines politiques et des institutions politiques).
  • Islamisme et États-Unis, une alliance contre l'Europe, L'Âge d'Homme, 1997 (ISBN 2-8251-1060-4). versions italienne et serbo-croate.
  • Une idée certaine de la France (ouvr coll), Sous la direction d'Alain Griotteray, 1999, France-Empire, 1998.
  • Guerres contre l'Europe : Bosnie, Kosovo, Tchétchénie, Les Syrtes, 2001 (ISBN 2-84545-045-1). (versions espagnoles, brésilienne, portugaise, italienne et serbo-croate).
  • Quel avenir pour les Balkans après la guerre du Kosovo, Paneuropa/L'Âge d'Homme, 2000.
  • Le Totalitarisme islamiste à l'assaut des démocraties, Les Syrtes, 2002.
  • La Turquie dans l'Europe : un cheval de Troie islamiste ?, Les Syrtes, 2004 (ISBN 2-84545-093-1).
  • Le Dilemme turc, ou les vrais enjeux de la candidature d'Ankara avec Emmanuel Razavi, Les Syrtes (ISBN 2-84545-116-4).
  • Frères musulmans. Dans l'ombre d'Al Qaeda, Jean-Cyrille Godefroy, 2005 (ISBN 2-86553-179-1), préface d'Emmanuel Razavi.
  • Perché la Turchia non può entrare nell'Unione europea, Guerini ed Associati, Milan, 2009 (préface de Roberto de Mattei).
  • I Rossi, Neri, Verdi: la convergenza degli Estremi opposti, Lindau, 2009, Turin (préface Magdi Allam).
  • Pourquoi on tue des chrétiens dans le monde aujourd'hui ? : La nouvelle christianophobie, Maxima Laurent du Mesnil 2011 (préface Denis Tillinac)
  • Le complexe occidental : Petit traité de déculpabilisation, L'artilleur, Toucan Essais, 2014.
  • Le Chaos syrien, printemps arabes et minorités face à l'islamisme, Dhow, 2014

Наводи

уреди
  1. Александар дел Вал. „The Reds, The Browns and the Greens“. alexandredelvalle.com. Архивирано од изворникот на 2011-07-07. Посетено на 6 јуни 2011.
  2. 2,0 2,1 Александар дел Вал. „Официјална биографија“. Александар дел Вал. Архивирано од изворникот на 2011-07-07. Посетено на 6 јуни 2011.
  3. „Laboratoire CRISES - Université Montpellier 3“. Архивирано од изворникот на 2016-01-31. Посетено на 2016-01-29.
  4. ESC Архивирано на 26 октомври 2016 г.-La Rochelle
  5. „Maison d'Edition - l'Age d'Homme“. Архивирано од изворникот на 2016-10-26. Посетено на 2016-01-29.
  6. Alexandre del Valle : «L'Occident doit cesser de se sentir coupable»

Надворешни врски

уреди