Александар Караѓорѓевиќ во посета на Битола
Оваа статија користи текст од мрежното место на Македонскиот информациски филмски центар (МИФЦ). Повеќе за наводите ќе најдете во делот за надворешни врски.
Текстот во статиите се употребува со дозвола на МИФЦ; Повеќе на страницата за разговор во рамките на ВикиПроектот „Филм“. |
Александар Караѓорѓевиќ во посета на Битола — македонски документарен филм од 1912 година, снимен од браќата Манаки. Филмот е во траење од 4 минути и е сниман во црно-бела техника, без звук.[1]
„Александар Караѓорѓевиќ во посета на Битола“ | |
---|---|
кадар од филмот | |
Режисер | Јанаки Манаки Милтон Манаки |
Премиера | 1912 |
Времетраење | 4 мин |
Земја | Македонија |
Кратка содржина
уредиФилмот започнува со пристигнувањето на Александар Караѓорѓевиќ на битолската железничка станица, при што Караѓорѓевиќ го пречекуваат и го поздравуваат претставници на градот, на војската и на црквата.
Потоа браќата Манаки го следат високиот гостин за цело време на неговиот престој во Битола. Во неколку секвенци делегацијата е снимена како излегува од зградата на Битолската митрополија, како минува низ битолските улици поздравена од насобраниот народ и како присуствува на еден верски обред, церемонија на свечено украсена сцена, околу која има многу насобран народ. По завршувањето на церемонијата, поворката во која, покрај членовите на делегацијата, се и голем број високи свештени лица, минува низ група луѓе и доаѓа до широчината пред битолските касарни каде се врши осветување на темелите на објектот кој треба да започне да се гради, што е всушност и целта на посетата на Александар Караѓорѓевиќ на Битола.
Филмот завршува со мошне краток кадар, на кој Александар Караѓорѓевиќ во придружба на неколку офицери врши смотра на построена чета војници.