Алваро Сервантес
Алваро Сервантес (12 септември 1989 во Барселона) — шпански глумец. Посетувал училиште за глума уште додека ги правел првите чекори во филмските води, глумејќи во “Abuela de verano”.
Алваро Сервантес | |
---|---|
Роден(а) | Алваро Сервантес 12 Септември, 1989 Шпанија |
Занимање | Глумец |
Активен период | 2005–денес |
Својата најзначајна улога Сервантес ја добива од страна на Силвиа Мунт, во серијата “Pretextos”. Сепак, филмот кој му носи најголема слава на Алваро е “Бесилка”, а за истата улога добива и награда за најдобар глумец во 2009 година. Доста значајни улоги има и во “88”, “Hanna”, “Три метри над небото”. Имал улоги и во телевизиски серии, како “Срцето на океанот” и “Месечина, Мистеријата на Календа”.
Кино
уредиГодина | Филм | Улога |
---|---|---|
2006 | Инвазијата на родителите мутанти | Ихо |
2007 | Цртежот на Давид | Макси |
2009 | Бесилка | Давид |
2009 | Живеј црно | Борха |
2010 | Три метри над небото | Појо |
2011 | Бескорисни | Ховен |
2011 | Хана | Фелисиано |
2012 | Сексот на ангелите | Раи |
2012 | 88 | Џоел |
Телевизија
уредиГодина | Серија | Улога |
---|---|---|
2012-денес | Месечина, мистеријата на Календа | Жоел |
2012 | Срцето на океанот | Алонсо |