Три метри над небото (филм, 2010)

Три метри над небото е шпански филм кој премиерно излезе на 3 декември 2010 година. Филмот е инспириран од постоечката новела Три метри над небото од италијанскиот автор Федерико Моча. Се работи за филмските ѕвезди Марио Касас и Марија Валверде. На самата премиера, филмот се претвори во шпански филм со најдобра премиера во 2010. и ја заврши годината како шпански филм со најголема заработувачка за истата година.

„Три метри над небото“
Три метри над небото.jpg
рекламен постер
РежисерФернандо Гонзалес Молина
Главни улогиМарио Касас
Марија Валверде
Премиера3 декември 2010
Времетраење118 минути
ДржаваШпанија
ЈазикШпански

СодржинаУреди

Се раскажува приказната за неверојатна врска, речиси невозможна, но и неизбежна, завршувајќи со влечење на парот во жешко патување на откривање, каде што ќе се открие заедно првата голема љубов. Баби (Марија Валверде) е една девојка од средната класа која е воспитана во духот на добрината, невиноста и правилата. Аче (Марио Касас) е бунтовно момче, импулсивен, кој има апетит за ризик и опасност затворен во бескрајните тепачки и нелегални трки со мотори и границата на здравиот разум.

ЗаработкаУреди

Филмот беше шпанско производство со највисока заработувачка првата недела со 2.099.601 € и 323.515 гледачи. На 3 недели од објавувањето, успева да стане шпански филм со најголема заработувачка во Шпанија во 2010 година, победувајќи ги Очите на Јулија и Нека умрат грдите, со над еден милион гледачи. Филмот ја заврши годината со заработувачка од 8.464.994,39 € и со 1.331.895 гледачи.