Аксел Јалмар Ендер (14 септември 1853 - 10 септември 1920 година) бил норвешки сликар и вајар. Ендер бил претпознатлив и познат по сликарството.[1][2]

Статуа на Питер Торденскјолд

Биографија

уреди

Ендер е роден во замјоделско семејство кај Аскер во Акершус, Норвешка. Почнал да студира уметност од 1867 до 1871 година, кај вајарот Јулиус Миделтун во Кралската школа за цртање. Подоцна присуствувал на Кралската академија за уметности во Шведска (1872–74) и на Академијата за ликовни уметности, Минхен (1875–80), со финансиска поддршка од кралот Карл IV. Спровел и студиски патувања во Минхен (1875) и Париз (1878).[3]

Неговиот најзабележителен проект бил бронзената скулптура на Питер Торденскјолд, заменик-адмирал во Кралската данско-норвешка морнарица. Статуата ја направил поради еден важен уметнички натпревар. Ендер посветил десет години (1891–1901) за да го заврши своето дело, кое сега стои во Радхуспласен во Осло.

Од Торденскјолдс плас во Пипервика, на 17 мај 1901 година, таа била преместена на нејзината сегашна локација во Радхуспласен во 1955 година. За неговата завршена работа, Ендер бил прогласен за витез во Кралскиот норвешки ред на Свети Олав.[3][4][5]

Неговите слики често припаѓале во категоријата романтичен национализам. Многу од неговите рани дела биле изложени во Кристианија Кунстфорнинг (сега Осло Кунстфорнинг).[3][6] Дела кои што тој ги создал може да се видат во црквата Оснес во Хедмарк, црквата Хауг во Рингерике, црквата Кампен во Осло, црквата Остре Порсгрун во Телемарк и црквата Лунер во Опланд. Парчето што го дизајнирал за поранешната катедрала Молде во Мере и Румсдал, било зачувано и денес стои на северниот ѕид на новата базилика која била изградена во 1957 година.[3][7]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Axel Ender“. Store norske leksikon. Посетено на October 1, 2017.
  2. „Axel Ender“. Norsk Kunstnerleksikon. Посетено на December 1, 2020.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Ole Rønning Johannesen. „Axel Ender, maler og billedhugger“. Norsk kunstnerleksikon. Посетено на October 1, 2017.
  4. „Statues of Historic Figures: Peter Tordenskjold - Oslo, Norway“. Waymarking.com. Посетено на October 1, 2017.
  5. „Peter Wessel Tordenskjold“. lokalhistoriewiki. Посетено на December 1, 2020.
  6. Annette Faltin. „Oslo Kunstforening“. Store norske leksikon. Посетено на October 1, 2017.
  7. „Molde domkyrkje“. kulturnett.no. Посетено на October 1, 2017.

Надворешни врски

уреди