Ако умрам Македонијо
македонска народна песна
„Ако умрам Македонијо“ — македонска народна песна, музика и аранжман Милан Завков, текст Томислав Которчевиќ. Песната првпат била изведена во 1997 година од Билјан Стојаноски на фестивалот на нови родољубиви и патриотски македонски песни Гоце Фест 1997 во Скопје.[1] Таа е една од песните кои оставиле белег на фестивалот и се силно врежани во алеите на македонската патриотска музика.[2]
„Ако умрам Македонијо“ | |
---|---|
Песна од Билјан Стојаноски | |
Јазик | македонски |
Објавена | 1997 |
Место на изведба | Гоце Фест 1997 |
Жанр | македонска народна музика |
Должина | 6:02 |
Композитор(и) | Милан Завков |
Текстописец | Томислав Которчевиќ |
Текст
уреди- Ако умрам, еј Македонци,
- ова срце закопајте го,
- таму долу на сред Солунско,
- па да никне ѕвоно големо,
- што ќе бие и раскажува:
- тука земја е македонска!
- Македонијо, на нас душата
- ни е горе на врв Пирина,
- срце долу – на сред Солуна,
- крвта – бистра вода Вардарска.
- Ако умрам Македонијо,
- пуста душа нека полета
- таму горе, меѓу облаци,
- да се стори сокол Пирински,
- глас да пушти и раскажува:
- тука земја е македонска!
- Македонијо, на нас душата
- ни е горе на врв Пирина,
- срце долу – на сред Солуна,
- крвта – бистра вода Вардарска.
- Ако умрам, еј Македонци,
- од кај Вруток да ме пуштите,
- па да тргнам, да си поминам,
- да ја видам, да ја исплачам,
- таа малку што ни остана –
- света земја, македонска.
- Македонијо, на нас душата
- ни е горе на врв Пирина,
- срце долу – на сред Солуна,
- крвта – бистра вода Вардарска.
- Ако умрам Македонијо!
Наводи
уреди- ↑ Официјален Јутјуб канал на „Гоце Фест“ (македонски)
- ↑ Две децении „Гоце Фест“, Македонско сонце 763 / 13.2.2009 (македонски)
Надворешни врски
уреди- Ако умрам Македонијо во изведба на Билјан Стојаноски на Јутјуб