Аигуа де Валенсија

Аига де Валенсија (Valencian, Aigua de València.) е коктел направен од база на кава или шампањ, сок од портокал, вотка и џин. Во принцип, се служи во бокали со различни големини и се консумира од широка чаша за коктел. За прв пат е направен во 1959 година од Константе Гил во барот Кафе Мадрид де Валенсија во градот Валенсија, Шпанија.

Агуа де Валенсија

Коктелот е помалку познатиот братучед на Сангрија. Тоа е исто толку освежувачко, вкусно и лесно да се направи за поголем број на лиѓе како што е сангријата.

Според писателката Марија Анхелес Аразо во нејзината книга Валенсија Ноче, барот во тоа време бил посетуван од група баскиски патници кои нарачувале „Агуа де Билбао“ ( „Водата на Билбао“), уморни од тоа секогаш да го нарачуваат истото, тие го предизвикале сопственикот да им понуди нешто ново и тој им предложил да ја пробаат „Агуа де Валенсија“. Тие се согласиле да го пробаат она што го направил Гил, и поради тоа што им се допаднало, продолжиле да го пијат во подоцнежните посети.

Цела деценија пијалокот бил познат само на мала група клиенти и дури во 1970-тите почнал да станува познат во поширокиот ноќен живот во Валенсија. Оттогаш, тој станал многу популарен пијалок.

Константе Гил го напуштил барот во 2000 година и се посвети на сликањето „Tertulias de Café“ („социјални собири во кафулето“), како почит на неговите тамошни искуства. Гил починал од срцев удар на 7 јуни 2009 година во Валенсија, Шпанија.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Adiós al autor del agua de Valencia“. Las Provincias (шпански). 2009-06-07. Посетено на 2009-06-09.

Надворешни врски

уреди