Азербејџански фолклор
Азербејџанскиот фолклор е народната традиција на Азерите која се развила со тек на вековите.
Зачуван е во мноштво усни преданија и во ракотворбите, како што се вазното сликарство и вотивните дарови.[1]
Извори на азербејџанскиот фолклор
уредиАзербејџанските митови главно се засноваат на јунаштвото на луѓето, кое се покажува во епови, како што се Епот за Кероглу, Книгата на Деде Коркут и Асли и Карем (Əsli və Kərəm).[2][3][4]
Кероглу
уредиПриказната за Кероглу (буквално. синот на слепиот) започнува со тоа како неговиот татко го губи видот.[5] Феудалецот Хасан Кан го ослепува неговиот коњушар Али Киши за малечок престап. Таткото и синот заминуваат земајќи ги со себе коњите Кират (црн коњ) и Дурат (бел коњ). Овие коњи имаат магични својства, бидејќи биле чувани од волшебник. Таткото и синот застанале на падините на планината до некој поток од чија вода Кероглу магично станал поет. По смртта на таткото, Короглу го погребал во близина на потокот и ја почнал личната одмазда која наскоро станала поход против неправедните владетели во регионот. Кероглу е вид на Робин Худ кој се бори против угнетувачите и зема од богатите. Како што неговата слава почнувала да се шири во регионот, сè повеќе луѓе биле незадоволни од нивните владетели и биле подготвени да му се придружат во планините. Кероглу со дружината напаѓал градови и тврдини и поразувал огромни непријателски војски. Потоа со следбениците ја славел победата во неговата непристапна тврдина на планината.[6]
Ашик пејачите
уредиВо азербејџанскиот фолклор особено убави се романтичните дастани "Асли и Керем", "Ашиг-Гахриб". Тој е богат со песни (кои се пејат во тек на работа, церемонии и сл.), легенди, бајки, шеги (лятифа), поговорки, загатки. Тие народни уметности ги создале ашик пејачите (поети-скитници, раскажувачи, народни пејачи) кои талкале од град во град и изведувале на главните плоштади. Свиреле на жичени инструменти и пееле народни песни или пак раскажувале епови, поеми, легенди.[7] Ашик-пејачите биле популарна забава и за народот и за аристократите а ашик поезијата е посебна форма на азербејџанскиот фолклор[8].
Натприродни суштества
уреди- Меше Адам (азерски: Meşə Adam), понекогаш познат како Ağac Kişi (буквално човек-дрво или шумски човек) според азербејџанската и карачајската митологија е дух, кој живее во шумите на планина.[9] Често е претставен во форма на влакнесто суштество од двата пола, како мајмун со човечко лице и остар мирис. Се верува дека во текот на потрагата по храна, ноќе се крие во градините и овоштарниците, облечен во облеката што ја фрлиле луѓето. Според некои истражувачи, Меше Адам е варијанта на легендата за снежниот човек.[10]
- Гулијабани (азерски: Qulyabani) (персиски:Ghoul-e-biabani :Чудовиште на пустината) е зол дух, кој живее во пустината и на гробиштата. Според азербејџанските и турските истражувачи, Гулијабани главно ги плаши ноќните патници, и има одлики на врколак во текот на ноќта. Го сака јавањето коњи. Според легендата, Гулијабани ќе работи за луѓето, ако некој успее да му пикне игла во јаката. Во западните региони на Азербејџан, Гулијабани често се идентификува како лошиот дух на водата Ардов.[11]
- Тепегоз (азерски: Tepegöz) е азербејџанско митско суштество слично на киклопот Полифем.[12]
Поврзаност со други култури
уредиАзербејџанскиот фолклор содржи елементи од персиската и од турската митологија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Yeni ədəbiyyat tariximizin ilk cildləri Архивирано на 10 јули 2011 г. Грешка во шаблонот „Семарх“: Проверете ја вредноста
|url=
. Празно. (азербејџански) - ↑ “Koroğlu”ya ümumtürk məhəbbəti
- ↑ Азербайджанская литература 5-18 вв. (руски)
- ↑ "Mother-of-All-Books": Dada Gorgud
- ↑ Hasan Javadi, "KÖROĞLU i. LITERARY TRADITION" in Encyclopedia Iranica
- ↑ electricpulp.com. „KÖROĞLU i. LITERARY TRADITION – Encyclopaedia Iranica“. www.iranicaonline.org (англиски). Посетено на 2017-11-08.
- ↑ „Folklore of Azerbaijan“.
- ↑ „Ashug music“. Trip TO Azerbaijan - Magnific Land of Fire! (англиски). 2015-07-22. Посетено на 2017-11-08.
- ↑ Мифы народов мира. Энциклопедия. Т.1. «Советская энциклопедия», 1991. ISBN 5-85270-016-9
- ↑ Кавказская мифология/Азербайджанская мифология — Агач Киши
- ↑ Кавказская мифология/Азербайджанская мифология — гюль-ябани (руски)
- ↑ C. S. Mundy (1956). „Polyphemus and Tepegöz“. Bulletin of the School of Oriental and African Studies. 18 (2): 279–302. doi:10.1017/s0041977x00106858. JSTOR 609984.