Адмиралштапска арка
Адмиралштапската арка (англ. Admiralty Arch) е голем објект во Лондон во чиј состав се наоѓа порта со пет арки која служи како уличен и пешачки приод помеѓу Шеталиштето (The Mall), кон југозапад, и Трафалгарскиот плоштад на североисток. Архитект е Сер Астон Веб. Сврзана е со Стариот адмиралштаб, по која го носи името.
Адмиралштапска арка Admiralty Arch | |
---|---|
Адмиралштапска арка, поглед од североисток | |
Општи податоци | |
Град | Вестминстер, Лондон |
Земја | Англија, Велика Британија |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Астон Веб |
Изградбата на објектот била нарачана од кралот Едвард VII во спомен на неговата мајка кралицата Викторија[1], иако тој не доживеал да ја види завршена. При врвот стои латински натпис со следниве зборови:
: ANNO : DECIMO : EDWARDI : SEPTIMI : REGIS :
: VICTORIÆ : REGINÆ : CIVES : GRATISSIMI : MDCCCCX :
Адмиралштапската арка е знаменитост од I класа. Во 2000, Кабинетната служба се преселила во оваа зграда, додека седиштето сè уште им е во Вајтхол. Во градбата е сместена и Стратешката единица на премиерот.[2]
Наводи
уреди- ↑ За Адмиралштапската арка (англиски)
- ↑ Стратешка единица на премиерот (англиски)