Либија е поделена на 22 окрузи (арапски: شعبية „шабија“, мн. شعبيات „шабијат“). Поимот „шабија“ е неологизам измислен во времето на Гадафи како замена за претходните единици - „балдии“.

Земјата историски се дели на три поголеми покраини: Триполитанија на северозапад Киренајка на исток и Фезан на југозапад. Ова важело сè до Италијанско турската војна, кога во Либија е воведена административна поделба од современ тип.

Тековнните дваесет и два округа се воспоставени во 2007 г. со укинување на десет окрузи од претходната постава.[1][2][3] Тие се:

Карта на окрузите во Либија
На
карта
Округ арапски Админ. центар Површина
(км²)
Население
(2006)
Густина
(жит/км²)
1 Бутнан البطنان Тобрук 84.996 159.536 1,88
2 Дерна درنة Дерна 31.511 163.351 5,18
3 Џебал ел-Ахдар الجبل الاخضر Бајда 11.429 203.156 17,78
4 Марџ المرج Марџ 13.515 185.848 13,75
5 Бенгази بنغازي Бенгази 11.372 670.797 58,99
6 Вахат الواحات Аџдабија 108.523 177.047 1,63
7 Куфра الكفرة Џаф 433.611 50.104 0,12
8 Сирт سرت Сирт 86.399 141.378 1,64
9 Мисурата مصراتة Мисурата 29.172 550.938 18,89
10 Маргаб المرقب Хумс 6.796 432.202 63,60
11 Тарабулус طرابلس Триполи 835 1.065.405 1.275,93
12 Џифара الجفارة Азизија 2.666 453.198 169,99
13 Завија الزاوية Завија 2.753 290.993 105,70
14 Нугат ел-Хумс النقاط الخمس Зуара 6.089 287.662 47,24
15 Џабал ел-Гарби الجبل الغربي Гарјан 76.717 304.159 3,96
16 Налут نالوت Налут 67.191 93.224 1,39
17 Џафра الجفرة Мадират Хун 139.038 52.342 0,38
18 Вади ел-Шати وادي الشاطئ Адири 90.244 78.532 0,87
19 Сабха سبها Сабха 17.066 134.162 7,86
20 Вади ел-Хајат وادي الحياة Авбари 31.485 76.858 2,44
21 Гат غات Гат 68.482 23.518 0,34
22 Марзук مرزق Мурзук 356.308 78.621 0,22
Вкупно
1.676.198 5.673.031 3,38

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. شعبيات الجماهيرية العظمى Архивирано на 7 февруари 2009 г., пров. 10 мај 2009
  2. „Статистики за населението на Либија“. Geohive. Посетено на 30 октомври 2009. (арапски) (англиски)
  3. „Окрузи во Либија“. Statoids.com. Посетено на 7 ноември 2010. (англиски)

Надворешни врски

уреди