Адамс (подводен вулкан)

Адамс е подморски вулкан во Тихиот Океан, кој се наоѓа на 90 километри југозападно од Питкернски Острови.

Адамс вулкан
Длабочина на врвот39 m (128 ft)[1]
Висина3,500 m (11,500 ft)
Местоположба
МестоположбаТихи Океан, ЈИ од Питкернски Острови
Coordinates25°22′S 129°16′W / 25.367° ЈГШ; 129.267° ЗГД / -25.367; -129.267
Геологија
Последна ерупција50 пне ± 1000 години
Мапа од Тихи Океан

Врвот на вулканот се наоѓа на длабочина од 39 метри. Вкупната висина на вулканот е 3500 метри. Адамс се наоѓа на околу 25 километри југозападно од друг голем подводен вулкан, Баунти. Двата вулкана доаѓаат од истата топла зона - Питкерн, која се формирала пред околу 30 милиони години и содржи уште околу 20 вулкански ридови високи околу 500 метри. Методот на калиум-40 покажал дека во плеистоценот во периодот пред 338-350 илјади години постоела активност на оваа област. Самиот Адамс е составен од трахити и е еден од најмладите вулкани во регионот.

Надворешни врски

уреди
  • „Вулкан Адамс“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)
  • Volcano Live — John Search
  • Volcano World — Oregon State University
  1. „Adams Seamount“. Глобална програма за вулканизмот. Смитсонова установа. Посетено на 2017-02-28. (англиски)