Агранулоцитите се тип на леукоцити со овални, несегментирани јадра. Во нив не среќаваат гранули, откаде им доаѓа и името. Агранулоцитите имаат способност за клеточна делба и повеќето од нив (како моноцитите, Т и B лимфоцитите) се произведуваат во лимфните јазли, слезината, крајниците и градната жлезда. Овие клетки имаат важно значење во клеточниот имунитет. Тие ги контролираат долготрајните бактериски инфекции и ги неутрализираат токсините во ткивата погодени со инфекцијата.