Агарјани — назив за Турците и воопшто за муслиманите во словенските извори. Името изворно се врзува за Библијата (Стар завет).

Едната варијанта е дека е оформено по името на Египќанката Агара, која била слугинка на жената на прататкото на израелскиот народ и божји пријател Абрахам (Аврам). Агара му родила син што го именувала Јишмаел (Измаел, Исмаил). Муслиманските народи го сметале Исмаил за свој родоначалник. Затоа христијаните, сите Турци и муслимани ги нарекувале Исмаилиќани или Агарјани.

Втората варијанта, се поврзува со името на едно арапско племе, кое во времето на еврејските цареви, живеело во Арабија и ги напаѓало соседните еврејски племиња.[1]

Овој назив се среќава и во житијата на македонските монаси и настани врзани со христијанството на тлото на Македонија.[2][3]

Наводи

уреди
  1. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 12. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. „Житие: Светиот маченик Агатангел Битолски“. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. „Житие за Пречистанските преподобномаченици - Викиизвор“. mk.wikisource.org.