Автоматски секвенцијален пренос
Видови пренос |
---|
Мануелен |
Автоматски секвенцијален пренос (Типтроник, Tiptronic) е вид дискретен автоматски пренос на брзини измислен од Порше и користен во нивните и други лиценцирани возила. Овој пренос функционира како и било кој друг нормален автоматски пренос, но покрај ова му овозможува на возачот самиот да менува брзини по желба со уфрлување на рачката во жлебот за Типтроник менување каде има две команди: нагорно и надолно менување. Во оваа позиција на рачката, возачот решава што се случува со преносот, и со тоа овозможува одложена нагорна промена за поголемо забрзување или пак зголемување на моторното кочење. На некои автомобили командите за нагорно/надолно менување се копчиња или рачки („уши“) на воланот со изборен приказник на инструмент-таблата кој ја покажува моменталната брзина во која се наоѓа менувачот[1].
Иако Типтроник-преносот му дава на возачот извесна мера на дискретна контрола, самиот е имплементиран по пат на хидротрансформатор како и другите автоматски преноси. Типтроникот не е компјутерски-управуван квачилен рачен пренос или полуавтоматски пренос. При имплементацијата сепак некои менувања се вршат автоматски, за заштита на моторот и преносот. На пример, кај Ауди, петбрзинскиот Типтроник менува од 1-ва до 2-ра брзина автоматски кога се движи од почетна поцизија, дури и кога е ставен во Типтроник режим; потоа преносот го чека возачот да зададе погорна брзина пред да продолжи од
2-ра во 3-та, 3-та во 4-та и 4-та во 5-та, но преносот сам би продолжил да накачува брзини и по достигнувањето на црвената линија. При забавување, преносот менува во помали брзини автоматски за да не дозволи премал број на вртежи во минута, иако возачот може да го забрза надолното менување (кое не ја преминув црвената линија), така давајќи подобро моторно кочење и спремност за престојно забрзување. Постојат и исклучоци од ова; сисемот во Астон Мартин DB9 е направен за да ја се држи на запченикот на црвената линија, но сепак истиот автоматски менува надолу. Овој систем исто така му овозможува на моторот да го сигнализира пригушувањето при надолно менување за поспортско возење.
Највеќето луксузни возила со Типтроник пренос имаат два наполно автоматски режима: еден, наречен „Комфорт“ или сл., и друг, обично наречен „Спорт“, кој го одложува нагорното менување за поспортско возење за сметка на горивото, абење, удобноста и буката. Така, во рамките на еден режим постојат неколку скриени режими кои самиот пренос ги бира; овие режими се приспособуваат на барањата кои возачот ги поставува при возењето. Вака се подобрува квалитетот на менување со подобра електронска контрола; овие електроники ги преиначуваат точките на менување за приспособување кон стилот на возење на даден возач.
Некои поризводители како Астон Мартин, БМВ и Смарт нудат лопаткасти рачки („уши“) зад воланот наместо рачка на средната конзола.
Некои системи како Ф1-Суперфаст (Ферари), МСП (Тојота) и се разликуваат од Типтроник преносот по тоа што впрочем се засноваат на мануелен секвенцијален пренос но имаат електронски-управувано квачило (во случајот на Ауди, двојно квачило). Овие не се сметаат за типтроници, туку за правилни полуавтоматски преноси.
Tiptronic® е зашитен знак, во сопственост на германската марка на спортски автомобили Порше, кое издава лиценци за употреба на други марки како Фолксваген, Ауди и Шкода.
Други производители користат типтрониковидни системи под различни називи:
- Акура: Sequential SportShift
- Алфа Ромео: Sportronic, Q-Tronic
- Астон Мартин: Touchtronic
- Ауди: Tiptronic, Multitronic (CVT)
- БМВ: Steptronic
- Воксал/Опел: Easytronic
- Волво: Geartronic
- Инфинити: Manual Shift Mode
- Јагуар: Bosch® Mechatronic
- Крајслер/Доџ: AutoStick
- Лексус: E-Shift
- Мазда: Sport AT
- МГ-Ровер: Steptronic
- Мерцедес-Бенц: TouchShift
- Мицубиши: INVECS, INVECS II, Sportronic, Tiptronic
- Нисан: Tiptronic
- Пежо: 2Tronic
- Понтијак: TAPshift
- Сааб : Sentronic
- Смарт : Softip
- Субару: Sportshift (системот е измислен од и името е под лиценца на Продрајв)
- Фолксваген : Tiptronic
- Форд (Австралија): Sequential Sports Shift
- Хјундаи: Shiftronic, H-Matic
- Хонда: iShift, S-matic, MultiMatic
- Ситроен: Sensodrive
Наводи
уреди- ↑ „MANUMATIC English Definition and Meaning“. Lexico.com. Архивирано од изворникот на November 4, 2021. Посетено на 2022-08-24.
- Совети за возење на Порше 996 Типтроник многу „живо“ Архивирано на 27 мај 2007 г. (англиски)