Мицубиши
Мицубиши или Мицубиши моторс (јапонски: 三菱自動車工業株式会社) — јапонско мултинационално претпријатие за производство на автомобили, со седиште во Минато, Токио.[1] Во 2011 година, Мицубиши бил шестиот најголем автопроизводител во Јапонија и 19-тиот најголем производител во светот.[2] Од октомври 2016 година, Мицубиши е во делумна сопственост (34 %) на Нисан и дел од алијансата Рено-Нисан-Мицубиши.[3] Исто така, Мицубиши моторс е дел од групацијата Мицубиши. Претпријатието Мицубиши моторс е основано во 1970 година.[4] Во минатото, дел од Мицубиши моторс било и претрпијатието кое произведува камиони, автобуси и градежни возила, но денес, тоа е во сопственост на Дајмлер трак, а Мицубиши има само мал сопственички дел.
Галерија
уреди-
Мицубиши Аутлендер
-
Мицубиши ASX
-
Мицубиши лансер (хечбек)
-
Мицубиши лансер (седан)
-
Мицубиши спејс стар
-
Мицубиши колт
Наводи
уреди- ↑ Corporate Profile Архивирано на 27 септември 2011 г., Mitsubishi Motors website, 19 June 2008
- ↑ „World motor vehicle production OICA correspondents survey without double counts world ranking of manufacturers year 2011“ (PDF).
- ↑ „Nissan takes control of Mitsubishi with Ghosn as chairman“. Automotive News Europe. 20 October 2016. Посетено на 20 October 2016.
We are a full member of the Renault-Nissan alliance from today
- ↑ History of Mitsubishi, Funding Universe (subscription required)