Автокамп „Ливадишта“
Автокамп Ливадишта е автокамп на западниот брег на Охридското Езеро. Автокампот се наоѓа во близина на градот Струга. Тој е помеѓу селата Калишта и Радожда. Автокампот е основан 4 јули 1978 година. Автокампот има 14 бунгалови со капацитет за 60 гости и 146 приколки со капацитет за 438 гости. Исто така има 150 места за шатори.[1] Автокампот Ливадиште во 1979 година бил прогласен за „Златен Камп“ на Југославија, како и за посебен придонес за туризмот во Струга во 1987 година.
Наводи
уреди- ↑ „Автокамп Ливадишта | ЕЛЕМ Турс“. ELEM Turs ДООЕЛ Скопје. 2018-03-17. Архивирано од изворникот на 2017-10-22. Посетено на 2018-06-18.