Авганистанско-узбекистанска граница
Авганистанско-узбекистанската граница е 144 км во должина и се протега од тројна границата со Туркменистан до тројна границата со Таџикистан долж реката Аму Дарја.[1] Тоа е најкратката од надворешните граници на Узбекистан. Градот Термез во Узбекистан и градот Хаиратан во Авганистан се најблиските големи населени места до границата.
Секој ден преку границата поминуваат големи количини на трговски добра меѓу Авганистан и Узбекистан.[2][3][4] Граѓаните на Авганистан можат да останат до 10 дена во Термез без патна виза.[5]
Опис
уредиГраницата целосно го следи течението на реката Аму Дарја, од тројната граница со Туркменистан на запад до таџикистанската тројна граница на исток. Границата е паралелна на узбекистанската страна со патна и железничка линија, а има и главен премин помеѓу Термез во Узбекистан и Хаиратан во Авганистан.[6]
Во 2001 година било објавено дека Узбекистан изградил бариера долж границата, составена од бодликава жица и втора, повисока, електрична бодликава жичена ограда од 380 волти, нагазни мини и патрола на тешко вооружени узбекистански војници.[7]
Историја
уредиГраницата била наследена од старата граница на Советскиот Сојуз и Авганистан, која најмногу ја добила сегашната форма за време на англо-руското ривалство во Средна Азија во 19 век, познато како Големата игра. Со оглед на тоа што Руската империја го освоила Ханатот на Хива и Емиратот Бухара, и што Британската империја ја контролирала британска Индија, двете сили биле принудени да го напуштат Авганистан како независна тампон држава помеѓу нив.[6]
Во 1873 година, Велика Британија и Русија се договориле за груба формулација на границата, при што реката Аму била прогласена за граница која оди на исток од околината на селото Кваја Салар до езерото Зорку, а коридорот Вахан да остане во Авганистан. Западниот дел од границата (т.е. најголемиот дел од модерната авганистанско-туркменска граница) требало да биде одреден подоцна од страна на граничната комисија.[6]
Тензиите се зголемиле како што Русите се проширила понатаму во она што е сега Туркменистан во раните 1880-ти, достигнувајќи криза со инцидентот во Панџдех (близу Сандикачи во сегашен Туркменистан), област превземена од Авганистан. Дискусиите ја смириле ситуацијата и заедничката англо-руска гранична комисија ја обележала границата како што е денес во периодот 1885-1888 година. Бидејќи селото Кваџа Салар понатаму не можело да се идентификува каде припаѓа, било договорено границата да се сретне со реката Аму во близина на Хамиаб, Авганистан.[6]
Најисточниот дел од границата (сега е дел од авганистанско-таџичката граница) не бил конечно разграничен до 1893-1895 г., при што емирот Абдур Рахман Кан од Авганистан се согласил да се откаже од какви било претензии за земјиште северно од реката Аму. Овој договор, исто така, ја предвидувал позицијата на копнената граница во делот источно од езерото Зоркул до Кина, при што последователно биле поставени низа гранични столбови.[6]
Во 1921 година, бил потпишан советско-авганистански договор со кој Русија се согласила „да ги предаде на Авганистан пограничните области кои припаѓале на вториот во минатиот век, почитувајќи ги принципите на правда и самоопределување на населението што го населува истиот“. Сепак, овој договор никогаш не бил спроведен и бил експлицитно поништен со Договорот за граница од 1946 година, кој ја задржал границата како што била претходно, со речните острови кои потоа требале да бидат доделени од заедничка комисија.[6]
Во 1979 година, советските трупи на 40-та армија ја преминале границата кај Термез преку серија понтони како дел од советската инвазија на Авганистан, на пат кон Мазар-и-Шариф и Кабул.[8] Тие подоцна го изградиле Мостот на пријателството, кој официјално бил отворен во 1982 година, но неговата стратешка важност довела до тоа да биде цел на бунтот на Муџахедините.[9] Советската армија го напуштила Авганистан преку мостот во 1989 година.
Мостот бил затворен од 1997 до 2001 година поради стравувањата на Узбекистан од талибанска инвазија, пред повторно да се отвори за да се овозможи помош по нивниот пад во 2001 година.[10] Останува единствениот фиксен премин меѓу Узбекистан и Авганистан. Кога провинцијата Балх паднала во рацете на талибанците во средината на 2021 година, голем број авганистански воен персонал и цивили ја преминале границата со Узбекистан.[11] Во 2022 година се отворил Меѓународниот трговски центар Термез, кој им овозможил на авганистанските граѓани да останат во Термез до 10 дена без патна виза.[5]
Гранични премини
уредиНаселби во близина на границата
уредиАвганистан
уреди- Дали
- Калдар
- Хаиратан
Узбекистан
уреди- Термез
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ CIA World Factbook - Afghanistan, 8 September 2018
- ↑ „500,000 metric tons of goods imported, exported via railroads“. Pajhwok Afghan News. 24 November 2022. Посетено на 2022-12-27.
- ↑ „ACCI: Transit Through Afghanistan Up 50%“. TOLOnews. 19 October 2022. Посетено на 2022-12-27.
- ↑ „Over 93K Tonnes of Imports, Exports Moved By Rail in a Week: Officials“. TOLOnews. 10 October 2022. Посетено на 2022-12-27.
- ↑ 5,0 5,1 „First Part of Joint Market Opens on Border with Uzbekistan“. TOLOnews. 27 December 2022. Посетено на 2022-12-27.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 International Boundary Study No. 26 - Afghanistan-USSR Boundary (PDF), 15 September 1983, Посетено на 8 September 2018
- ↑ McElroy, Damien (November 11, 2001). „Tashkent urged to allow UN aid across bridge“. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на November 7, 2012. Посетено на 2007-06-07.
- ↑ „BBC Timeline: Soviet War in Afghanistan“. 17 February 2009. Посетено на 2018-09-08.
- ↑ Hairatan and the Friendship Bridge, Посетено на 8 September 2018
- ↑ „CNN - Aid flows as key Afghan border bridge re-opens“. 9 December 2001. Архивирано од изворникот на 2019-11-08. Посетено на 2018-09-08.
- ↑ „Uzbekistan bracing for possible Afghan refugee crisis | Eurasianet“. Eurasianet. July 3, 2021. Посетено на 2022-12-27.
- ↑ Caravanistan - Uzbekistan-Afghanistan border crossings, Посетено на 2018-09-08
- ↑ Naima Suleyman, Urakbai Ketbenbaev (October 2, 2001). „Uzbek Forces on War Footing“. Institute for War & Peace Reporting. Архивирано од изворникот на September 26, 2007. Посетено на 2007-06-07.