Тампон држава е земја која географски се наоѓа меѓу две непријателско расположени велесили или сфери на влијание.[1] Со нивното постоење се смета дека се спречува конфликт меѓу нив. Тампон држава понекогаш може да биде и меѓусебно договорена област која лежи помеѓу две поголеми сили, и која е демилитаризирана во смисла во неа да нема војска од договорните страни (иако обично има свои воени сили). Инвазија на тампон државата од страна на една од силите што ја опкружуваат често резултира со војна меѓу силите.

Истражувањата покажуваат дека тампон државите е многу поверојатно да бидат освоени и окупирани за разлика од другите држави.[2] Регионалните или големите сили кои ги опкружуваат тампон државите се соочуваат со стратешки императив да ги заземат: ако овие сили не ги нападнат тампон државите, тие се плашат дека нивниот противник ќе го направи тоа.[2]

Тампон државите, кога самите стекнале независност, обично водат неутрална надворешна политика, по што се разликуваат од сателитските држави. Концептот на тампон држави е дел од теоријата за рамнотежата на силите кое се појавило во европското стратешко и дипломатско размислување во 18 век.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „buffer state“. Merriam Webster. Посетено на 11 September 2021.
  2. 2,0 2,1 Fazal, Tanisha M. (2004-04-01). „State Death in the International System“. International Organization. 58 (2): 311–344. doi:10.1017/S0020818304582048. ISSN 1531-5088.