Абер ми дојде од Солуна града

македонска народна песна

„Абер ми дојде од Солуна града“македонска народна песна, напишана од непознат автор кон крајот од преродбениот период или во периодот меѓу двете светски војни. Песната е посветена на Гоце Делчев кој пристигнува во Солун кој во меѓувреме е баран од османлиската власт. Во градот тој е застанат од аскери и го прашуваат за него, но бидејќи е преправен во ќумурџија, тие не го препознаваат дека е самиот Гоце Делчев и така тој избегнал негово фаќање. Песната има ајдутски карактер.

„Абeр ми дојде од Солуна града“
Песна
Јазикмакедонски
Напишана19??
Објавена?
Жанрмакедонска народна музика
Должина2:39 (Васка Илиева)
03:28 (Сузана Спасовска)
03:04 (Темјанушки)
Композитор(и)непознат, со разни
современи аранжмани

Одлики

уреди

Песната е во изворен 7/8 такт.

Текст

уреди

-Абер ми дојде од Солуна града:
солунчаните бесилка стаиле,
ќе ми го бесат Гоцета,
Гоцета Делчев војвода.

Гоце ми се сторил
црно ќумурџиче
па ми се шетал
Солунска чаршија.
На среќа сретнал аскери
и на Гоцета зборуваат:

- А бре ѓаурче, црно ќумурџиче
не ли го виде Гоцета,
Гоцета Делчев војвода?

- А бре аскери, вие бре аскери
и да го видам Гоцета,
јас Гоце не го познавам.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди