АЦИ Македонија - Здружение на финансиски пазари
АЦИ Македонија - Здружение на финансиски пазари — македонска непрофитна професионална организација од областа на финансиските пазари.
Историја
уредиАЦИ Македонија - Здружение на финансиски пазари е формирано на 23 април 1996 година, под името „Македонски форекс клуб“, а по иницијатива на Народната банка на Република Македонија. Во 2001 година, здружението станало член на меѓународната организација ACI - Financial Market Association со седиште во Париз, по што тоа било преименувано во АЦИ Македонија.[1]
Организација и активности
уредиВо АЦИ Македонија членуваат НБРМ и сите банки од Македонија. Здружението не непрофитна организација, а неговата работа е регулирана со статутот и со деловниците на здружението. Со здружението управуваат следниве органи: надзорен одбор, извршен одбор и собрание. Еднаш годишно, АЦИ Македонија го свкува собранието на кое учествуваат претставници од македонските банки, домашни и странски експерти и претставници од фирмите кои прават финансиски софтвер. Основна цел на здружението е проширување на знаењето и размена на искуства меѓу трговците со девизи во Македонија и во странство, популаризација на професијата и образование на клиентите. За остварување на овие цели, здружението организира семинари, работилници и диксусии.[2]
Наводи
уреди- ↑ Бојан Цветановски, „Годинава дневниот промет на девизниот пазар во Република Македонија се движи помеѓу 30 и 45 милиони евра“, Економија и бизнис, година 20, број 242, септември 2018, стр. 42.
- ↑ Бојан Цветановски, „Годинава дневниот промет на девизниот пазар во Република Македонија се движи помеѓу 30 и 45 милиони евра“, Економија и бизнис, година 20, број 242, септември 2018, стр. 42-43.