Џјиангсу
Џјиангсу[1] (кинески: 江苏) — покраина на Народна Република Кина сместена на брегот на Жолтото Море; нејзината територија го опфаќа и долниот тек на реката Јангце. Џјиангсу е една од најважните покраини на Кина, која зазема врвни положби во економскиот развој, земјоделското и индустриското производство, како и во животното рамниште на населението. Територијата на Џјиангсу одамна е дел од кинеската држава, а тука се наоѓаат некои од најстарите градови во земјата. Административниот центар на покраината, градот Нанџјинг, станал главен град на Кина неколкупати низ историјата. Според пописот од 2020 г., Џјиангсу има население од 84,748 милиони жители.[2][3]
Наводи
уреди- ↑ Согласно Правописот од 2017 година за транскрипција од кинески (стр. 216), правилно е Џјиангсу. Погрешно е „Ѓангсу“.
- ↑ „Communiqué of the Seventh National Population Census (No. 3)“ (англиски). National Bureau of Statistics of China.
- ↑ 赵婷婷. „Top 10 regions with highest GDP in China[2]- Chinadaily.com.cn“. ChinaDaily.com.cn. Архивирано од изворникот 28 October 2016. Посетено на 22 January 2017.
Надворешни врски
уреди„Џјиангсу“ на Ризницата ? |