Џулај Морнинг
Во Бугарија, постои традиција која се нарекува Џулај морнинг (на бугарски: Джулая или Джулай, на англиски July Morning) како ехо на хипи ерата од 80-тите и можеби уште порано од 70-тите. Млади (и не толку млади) луѓе од целиот свет патуваат (најчесто со автостоп) до брегот на Црното Море ноќта на 30 јуни за да ги сретнат првите сончеви зраци на 1 јули.
И покрај тоа што традицијата емоционално е поврзана со хипи движењето во Америка, сѐ уште е популарно во Бугарија. Најверојатно не се среќава на друго место, заради специфичната улога како суптилен протест во времето на комунизмот. "Официјалните" прослави започнале во Бургас во 1991 или 1992, две години по оставката на комунистичката влада, и во последните години се проширува во Камен Брег, Каварна, Шкорпиловци, Иракли, Варна, Созопол, Варвара, Ахтопол, Черноморец како и целиот брег од бугарскиот дел на Црното Море. Првоначално, луѓето кои празнувале се собирале на 1 и 2 буна на пристаништето Бургас исток, а сега луѓето се собираат и по плажите.
Некои сметаат дека традицијата го изгубила оригиналното значење со текот на времето. Исто така, помладите луѓе не е задолжително да знаат под кои околности била започната или кој бил авторот на песната (имено, Uriah Heep). Во Бугарија, морето се поврзова на прво место со летниот одмор и добро поминатото време, и 1 јули е времето кога започнува одморот за најголемиот дел од средношколците и студентите.
Чувството на воодушевување од првите утрински сончеви зраци како симбол на новиот почеток во животот, сепак, се главната причина зошто луѓето присуствуваат на оваа прослава. Џулај морнинг може да се поврзе со уважение кон сонцето (Поврзано Петар Д'нов) и со ритуалите за време на периодите на рамнодневница кои биле популарни низ бугарските земји од антички времиња. Се верува дека најдобриот начин да се доживее Џулај морнинг е да се биде во група од неколку пријатели кои ќе се повлечат на некоја тивка плажа на Црното Море свртена кон исток.