Џудит Батлер (англиски: Judith Butler) (родена на 4 февруари 1956) — американска теоретичарка на родовиот идентитет. Таа ги преплетува постструктурализмот, феминизмот и „Queer” теоријата и тврди дека „хетеросексуалноста” е исконструирана политичка „фикција” и повикува за нови дефиниции за родот. Батлер се повикува на Мишел Фуко за да опише како единките се погодени од „режимите” на знаењето и како овие сексуални режими се исконструирани околу бинарни опозиции. Наспроти оваа репресија, таа сугерира нови можности: „перформанси” на повеќекратни родови репрезентации кои Батлер не ги опишува како изолирани „чинови”, туку како културни „феномени”.[1]

Џудит Батлер

Белешки

уреди
  1. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.

Надворешни врски

уреди

Џудит Батлер / Judith Butler @ European Graduate School Архивирано на 30 септември 2012 г.