Џејмс Тревор "Џејми" Оливер, MBE (роден на 27 мај 1975) — англиски славен готвач и сопственик на ресторани, познат и по неговите телевизиски емисии за храна, како и по книгите за готвење, а од неодамна и по неговата кампања за подобра едукација за храната.

Џејми Оливер
Роден Џејмс Тревор Оливер
27 мај 1975(1975-05-27)(49 г.)
Клаверинг, Есекс, Англија, Обединето Кралство
Националност англичанец
Познат Свежа и органска храна, Италијанска кујна, Англиска кујна и Вегетаријанска кујна
Занимање готвач, ТВ водител
Деца 4

Детство

уреди

Оливер е роден и израснал во село во Клаверинг. Неговите родители имале ресторан, каде што тој вежбал готвење.[1] Се школувал во училиштето Њупорт Фри Грамар.[2]

Оливер го напуштил школувањето на возраст од 16 години со освоени две квалификации, за уметност и геологија[3] и заминал на дошколување во колеџот Вестминстер Кингсвеј.[1][4]

Кариера

уреди
 
Оливер готви во еден хотел од ланецот Скандик (2014)

Неговото прво вработување било во италијански ресторан, каде стекнал искуство во подготвување на италијанска храна. Станал пријател со својот ментор Џенаро Конталдо, кого подоцна Џејми го вработил да го води неговиот италијански ресторан.[4] Оливер продолжил да работи во „Ривер кафе“, каде во 1997 година е забележан од BBC. Џејми Оливер се појавил во документарецот за ресторанот, „Божик во Ривер кафе“ („Christmas at the River Cafe").[5] Во 1999 година, почнува да се прикажува неговото ТВ шоу Гола кујна (The Naked Chef), а неговата книга со рецепти танува бестселер во Обединето Кралство.[6] Истата година, Оливер е поканет да подготви ручек за тогашниот премиер Тони Блер.[6]

Во јуни 2000 година, Оливер стана заштитно лице на британскиот синџир на супермаркети Сеинсберис, со кои потпишал договор вреден 2 милиони долраи годишно.[6] Во јули 2011 година, по единаесет години, сиработката е прекината, а последната телевизиска реклама се појавила за Божик 2011 година.[7]

По три снимени серии од Гола кујна (Гола кујна, Враќање на голата кујна и Среќни денови со голата кујна) за Би-Би-Си, Оливер продолжил да соработува со Канал 4, каде неговите први серии биле документарни, Кујната на Џејми (Jamie's Kitchen) по што следувало отворање на 15 ресторани во Лондон. Ресторанот во Вестленд, Лондон, продолжил со обука на млади кои имаат лошо минато.[8]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „An in-depth look at your favourite celebrity personalities“. Hello! Magazine. Посетено на 2 April 2009.
  2. Jamie Oliver to help dyslexic youngsters, dailymail.co.uk; accessed 28 July 2015.
  3. Jamie, Oliver (7 July 2012). „BBC News – Jamie Oliver runs with Olympic torch“. Посетено на 21 July 2012.
  4. 4,0 4,1 Walker, Andrew (30 March 2005). „Profile: Jamie Oliver“. BBC. Посетено на 2 April 2009.
  5. „Miranda Sawyer meets Jamie Oliver“. The Observer. UK. 14 April 2002. Посетено на 7 May 2011.
  6. 6,0 6,1 6,2 „The Ups and Downs of Jamie Oliver, a Celebrity Chef“. The New York Times. 11 October 2009. Посетено на 11 January 2011.
  7. "Sainsbury's and Jamie Oliver decide to end partnership in style" Архивирано на 30 септември 2011 г., j-sainsbury.co.uk; accessed 10 August 2014.
  8. "Jamie Oliver Puts America's Diet on a Diet", 11 October 2009; accessed 10 August 2014.

Надворешни врски

уреди