Џентлмен во Москва

Џентлмен во Москва е роман на Ејмор Тоулс од 2016 година.

Џентлмен во Москва
АвторЕјмор Тоулс
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
ЖанрИсториска фикција
Дејството се
одвива во
Москва за време на владеењето на Сталин
Издадена
6 септември 2016
Страници462
ISBN978-0-670-02619-7 (hardcover)
813/.6
Клас. КБPS3620.O945 G46 2016

Заднина

уреди

Протагонист на романот е измислениот гроф Александар Илич Ростов, роден во Санкт Петербург, Русија, на 24 октомври 1889 година. Израснат на имотот на неговото семејство Ростов „Безделништво“ во Нижни Новгород. Ростови се аристократи и ги посетуваат околните имоти со тројка или санки влечени од коњи.

Секое од поглавјата на книгата е поставено според хронолошката структура која се удвојува, а потоа се преполовува. Првото поглавје е денот по апсењето на грофот, второто е два дена потоа, а следните поглавја се поставени пет дена, десет дена, три недели, шест недели, три месеци, шест месеци, една година, две години, четири години, осум години, а шеснаесет години по почетокот на наративот. Од овој момент, структурата се менува, при што времето помеѓу поглавјата постепено се преполовува до последниот ден од наративот.

Инспирација и заплет

уреди

Инспирацијата на Тоулс за романот било неговото искуство при престој во луксузни хотели, поточно, хотел во Женева, Швајцарија, каде што некои гости биле постојани жители. Тој ја комбинирал идејата за луксузни хотели со неговото знаење за долгогодишната историска традиција на домашен притвор во Русија.[1]

Прием

уреди

Киркус Ривју ја оценил книгата како „одличен роман, непрекинато задоволство преполно со шарм, лична мудрост и филозофски увид.[2] Според НПР „Џентлмен во Москва“ е роман кој има за цел да шармира... а резултатот е победнички, стилски... Тоулс никогаш не дозволува некој само да се збогува кога би можел да се поздрави, никогаш не става точка кога би можел да стои извичник или драматична елипса.“[3] Кралицата Камила, им ја препорачала книгата на оние кои се во изолација за време на пандемијата COVID-19.[4]

Џентлмен во Москва била финалист за наградата Киркус за фикција и литература во 2016 година.[5] Исто така, романот бил номиниран за меѓународна книжевна награда во Даблин за 2018 година.[6]

Адаптација

уреди

Во август 2017 година, било најавено дека е во развој адаптација на книгата во форма на серија.[7] Во април 2018 година, Кенет Брана се приклучил на продукцијата за да глуми како Грофот Ростов, додека Том Харпер требало да режира.[8] И двајцата го напуштиле проектот до август 2022 година, кога Јуан Мек Грегор го заменил Брана, а режисерските должности ги презел Сем Милер. Серијата била премиерно прикажана во март 2024 година, на Парамунт+ на меѓународно ниво и Шоутајм во САД.[9][10]

Наводи

уреди
  1. Neary, Lynn (2016-09-06). „Idea For 'Gentleman In Moscow' Came From Many Nights In Luxury Hotels“. NPR.
  2. Kirkus Reviews (21 June 2016). „A Gentleman In Moscow“. Kirkus Reviews Online. Посетено на 17 June 2019.
  3. Quinn, Annalisa (2016-09-03). 'A Gentleman In Moscow' Is A Grand Hotel Adventure“. npr.org. Посетено на 2019-06-30.
  4. „The Duchess of Cornwall shares a reading list | Prince of Wales“. www.princeofwales.gov.uk (англиски). Посетено на 2022-03-03.
  5. Kirkus Reviews. „2016 Winners“. Kirkus Reviews Online Online. Архивирано од изворникот на 1 May 2019. Посетено на 17 June 2019.
  6. Dublin Literary Award. „The Nominees“. International Dublin Literary Award. Посетено на 17 June 2019.
  7. Andreeva, Nellie (2017-08-18). „EOne Ups Carolyn Newman To SVP Scripted Programming, Acquires 'A Gentleman In Moscow' Book Rights For TV“. Deadline (англиски). Посетено на 2022-09-02.
  8. Vlessing, Etan (2018-04-03). „Kenneth Branagh to Star in TV Adaptation of 'A Gentleman in Moscow'. The Hollywood Reporter (англиски). Посетено на 2023-01-03.
  9. Lin, Jennifer Marie (26 July 2019). „A Gentleman in Moscow TV Series: What We Know“. Архивирано од изворникот на 2020-02-06. Посетено на 23 November 2020.
  10. Szalai, Georg (2022-08-25). „Ewan McGregor to Star in Drama Series 'A Gentleman in Moscow' for Paramount+ Internationally, Showtime in U.S.“. The Hollywood Reporter (англиски). Посетено на 2022-09-02.