Џенис Ијан

американска пејачка

Џенис Ијан (англ. Janis Ian: родена како: Џенис Еди Финк (англ. Janis Eddy Fink); 7 април 1951) ― американска пејачка која најголем успех имала во 1960-тите и 1970-тите. Нејзини најпознати песни се: хитот од 1966/67 година „Society's Child (Baby I've Been Thinking)“[1] и синглот од 1975 година „At Seventeen“, од нејзиниот седми студиски албум Between the Lines, кој во септември 1975 година се искачил на прво место на листата за албуми од Билборд.

Џенис Ијан
Џенис Ијан на концерт во 1981
Животописни податоци
Родено имеЏенис Еди Финк
Роден(а)7 април 1951(1951-04-07)(73 г.)
Фармингдејл, Њу Џерси, САД
Жанрови
ЗанимањаКантавтор
Период на активност1965–денес
Издавачи
Мреж. местоjanisian.com

Џенис Ијан е родена во Фармингдејл, Њу Џерси,[2] а уште како тинејџер во средината на 1960-тите се појавила на американската фолк-музичка сцена. Најактивна била во 1960-тите и во 1970-тите, но продолжила да снима музика и во 21 век. Освоила две Греми награди, првата во 1975 година за „At Seventeen“ и втората во 2013 година за „Најдобар албум со зборување“, за нејзината автобиографија, Дете на општеството (англ. Society's Child).

Ијан, исто така, е колумнист и писателка на научна фантастика.[3]

Дискографија

уреди

Студиски албуми

уреди
  • 1967: Janis Ian
  • 1967: For All The Seasons Of Your Mind
  • 1968: The Secret Life Of J.Eddy Fink
  • 1969: Who Really Caves
  • 1971: Present Company
  • 1974: Stars
  • 1975: Between The Lines
  • 1976: Aftertones
  • 1977: Miracle Row
  • 1978: Janis Ian
  • 1979: Night Rains
  • 1980: The Best Of Janis Ian
  • 1980: My Favourites
  • 1981: Restless Eyes
  • 1992: Up Til Now
  • 1992: At Seventeen
  • 1993: Breaking Silence
  • 1995: Revenge
  • 1995: Live On The Test 1976
  • 1997: Hunger
  • 1998: Unreleased 1: Mary’s Eyes
  • 1999: The Bottom Line Encore collection (Live 1980)
  • 2000: Unreleased 2: Take No Prisoners
  • 2000: god & the fbi
  • 2001: Unreleased 3: Society’s Child
  • 2002: Lost Cuts 1
  • 2003: Janis Ian Live: Working Without a Net
  • 2004: Souvenirs: Best of Janis Ian 1972—1981 (компилација)
  • 2004: Billie’s Bones
  • 2006: Folk is the New Black
  • 2007: Ultimate Best (компилација, Јапонија)

Библиографија

уреди
  • Кому му е гајле: песни од детството и раната младост, 1969 година (реиздадена во 2002 година),ISBN 978-1-930709-37-9
  • Песнарка, 1999 година, ISBN 978-0-7692-0148-1
  • Ѕвезди: Оригинални приказни засновани на песните од Џенис Ијан, 2003 година, ISBN 978-0-7564-0177-1
  • Жени кои пишуваат научна фантастика како мажи ,ISBN 978-0-7564-0148-1
  • Дете на општеството: Мојата автобиографија, 2008, Тарчер/Пингвин;ISBN 1-58542-675-X ;ISBN 978-1-58542-675-1

Наводи

уреди
  1. „The Song that Made Janis Ian the Most Notorious Folk Singer in America | WNYC | New York Public Radio, Podcasts, Live Streaming Radio, News“. WNYC (англиски). Архивирано од изворникот на December 5, 2021. Посетено на 2021-12-05.
  2. Ian, Janis. „Janis Ian Through the Years“ (PDF). Janis Ian. Архивирано (PDF) од изворникот 2022-01-30.
  3. „Janis Ian: A Life in Song“ (PDF). Janis Ian Website. 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на May 7, 2007. Посетено на 2007-06-09.

Надворешни врски

уреди