Џебен заштитник
Џебен заштитник ― обвивка предвидена да држи инструменти за пишување и други мали алатки во џебот на градите на кошулата, заштитувајќи ја од кинење или правење дамка. Може да се користи за носење пенкала, моливи, шрафцигери, мали логаритмари и други мали предмети. Поклопецот над надворешната страна на џебот помага да биде зацврстен заштитникот за џебот. Џебните заштитници првично биле направени од поливинил хлорид (ПВЦ).
Пронајдок
уредиЗаштитникот за џебот бил измислен за време на Втората светска војна од страна на Харли Смит додека работел во Бафало, Њујорк. Тој беил награден со патентот US 2417786A за уредот на 18 март 1947 година; патентот бил поднесен на 3 јуни 1943 година.[1]
Конкурентно барање за пронајдокот дошло од пластичниот големец Герсон Страсберг од Лонг Ајленд околу 1952 година. Страсберг работел на пластични ракави за банкарски книги. Еден ден го ставил во џебот од кошулата една на која работел додека се јавувал на телефон. Кога го забележал таму, сфатил дека ќе биде одличен производ.[2]
Употреба
уредиЗаштитниците за џебови со втиснати логоа или имиња на претпријатија најпрво биле пласирани на претпријатијата како промотивна стока. Наскоро се појавил поопшт пазар, составен од студенти, инженери и канцелариски работници од различни области. Тие станале дел од модниот стереотип „бубалица“ или „информатичка бубалица“, веројатно поради нивната поврзаност со инженери или студенти.
Наводи
уреди- ↑ Madea, Jeanette. „History of the Pocket Protector“. Историски центар на ИЕЕИ. Архивирано од изворникот на 15 мај 2007. Посетено на 18 февруари 2023.
- ↑ Murray, Caryn. „The Pocket Protector Was His Baby“. Orlando Sentinel. Архивирано од изворникот на 2012-06-16. Посетено на 18 февруари 2023.
Останати извори
уреди- Слатала, Мишел. „Класична облека за нервоза; џебен заштитник, проектор за слика“. New York Times 24 јуни 1999 година.
Надворешни врски
уреди- Џебен заштитник на Ризницата ?
- Мрежен музеј на џебни заштитници
На оваа страница е потребен превод на македонски. Оваа страница (или пасус) не е напишана на јазик којшто е македонски. Ако е наменета за читателите од тој јазик, треба да биде преместена на јазичното издание на Википедија на тој јазик. Видете го целосниот список на јазични изданија. Ако страницата (или пасусот) не е преведена на македонски во рок од една седмица, содржината која е на друг јазик ќе биде избришана. |