Кетлин Џанет Андерсон (англиски: Kathleen Jannette Anderson; 1927 - 5 јули 2002) беше назначена за заменик директор на Универзитетот Единбург Непиер во 1983 година, станувајќи првата жена назначена на таква позиција во Шкотска. Професорката Андерсон е биолог, стипендист на Кралското друштво во Единбург, стипендист на Биолошкиот институт, на Хемискиот кралски колеџ, на Шкотскиот совет за стручно образование и се здобива со ОБЕ во 1987 за заслуги во образованието.[1] Го развива првиот интердисциплинарен курс со диплома на Колеџот Непиер (сега Универзитет Единбург Непиер) и значајно придонесува кон развојот на истражувањето во универзитетот.

Образование

уреди
  • Училиште Квинс Парк, Гласгов
  • Универзитет Глазгов

Кариера

уреди

Академска

уреди
  • Предавач по ботаника на Земјоделскиот колеџ во Западна Шкотска
  • Стипендиран истражувач и предавач по биохемија
  • Виши предавач на Непиер Колеџ
  • Заменик директор на Универзитетот Единбург Непиер

Директорска

уреди

Андерсон е директорка на следниве институции:[2]

  • Универзитет Непиер Вентурес Лимитед 1988 - 1992
  • Шкотски совет за стручно образование 1989 - 1992
  • Св. Џорџ училиште за девојки 1990- 2000
  • Фондација кралска опсерваторија (Единбург) 1991- 1999
  • Фондација Томас Телфорд

Публикации

уреди
  • Read, P. A.; Renshaw, T.; Anderson, K. J. (April 1978). „Pollution Effects on Intertidal Macrobenthic Communities“. The Journal of Applied Ecology. 15 (1): 15. doi:10.2307/2402918.
  • Read, P.A.; Renshaw, T.; Jackes, A.D.; Watson, P.G.; Anderson, K.J. (December 1977). „Water quality in the forth estuary: A discriminant functional analysis“. Environmental Pollution (1970). 14 (4): 275–287. doi:10.1016/0013-9327(77)90139-2.

Наводи

уреди
  1. „Janette Anderson Midwife to birth of a university“. Посетено на 3 December 2013.
  2. „Companies in the UK“. Посетено на 3 December 2013.