Џамија Мехмед Паша Кукавица
Џамија Мехмед Паша Кукавица била една од петте џамии во градот Фоча, во Босна и Херцеговина, која типолошки припаѓала на еднопросторна купола џамија со отворен надворешен трем. Се наоѓалa во Горња Чаршија (стариот град на Фоча), а целосно билa уништенa за време на Босанската војна. Изграденa била во 1751 година, таа била дел од архитектонскиот ансамбл составен од џамија, медреса (завршена во 1758 година), саат-кула и амам (Tурска бања) сите биле донации на Мехмед-паша Кукавица,кој бил роден во Фоча и бил еден од најистакнатите отомански гувернери на Босна.[1]
Џамија Мехмед Паша Кукавица | |
---|---|
Џамија Мехмед Паша Кукавица, динамитирана во 1992 година, со сите други џамии во Фоча, исто така биле уништени. | |
Основни податоци | |
Место | Фоча, Босна и Херцеговина |
Координати | 43°30′18.2″N 18°46′29.9″E / 43.505056° СГШ; 18.774972° ИГД |
Припадност | сунитскиот ислам |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | Џамија |
Архитектонски стил | Отоманска архитектура |
Завршен | 1752 |
Џамијата и остатокот од архитектонскиот ансамбл, како и поголемиот дел од стариот град Фоча (отоманската архитектура на Горња Чаршија) биле урнати во 1992 година по наредба на властите на Република Српска, веднаш по нападот и етничкото чистење на нејзините муслимански жители.[2] [3]
Архитектонскиот ансамбл на џамијата, медресата, саат-кулата и амамот (турска бања) на Мехмед-паша Кукавица во Фоча се прогласени за Национален споменик на Босна и Херцеговина од страна на Комисија на Босна и Херцеговина за зачувување на националните споменици.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „The architectural ensemble of the mosque and medresa of Mehmed-paša Kukavica in Foča - National Monument of Bosnia and Herzegovina“. kons.gov.ba (English). Bosnia and Herzegovina Commission to Preserve National Monuments. Архивирано од изворникот на 3 March 2016. Посетено на 1 February 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Dr Walasek, Helen (April 28, 2015). Bosnia and the Destruction of Cultural Heritage. books.google (English). Ashgate Publishing, Ltd. ISBN 9781409437048. Посетено на 1 February 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Structural Studies, Repairs and Maintenance of Heritage, C. A. Brebbia,L. Binda, page 437
- ↑ „The architectural ensemble of the mosque and medresa of Mehmed-paša Kukavica in Foča - National Monument of Bosnia and Herzegovina“. kons.gov.ba (English). Bosnia and Herzegovina Commission to Preserve National Monuments. Архивирано од изворникот на 3 March 2016. Посетено на 1 February 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
Надворешни врски
уреди- Комисија на Босна и Херцеговина за зачувување на националните споменици: Џамија Мехмед Паша Кукавица во Фоча