Ќе биде подобро (филм)
„Ќе биде подобро“ (српски: Биће боље) — српски филм од 1994 година, во режија на Милан Живковиќ по сценариото на Стеван Копривица. Главните улоги ги играат: Неда Арнериќ, Бранко Цвејиќ, Зоран Цвијановиќ, Драган Николиќ, Маја Сабљиќ и Оливера Марковиќ.[1]
Синопсис
уредиЕден поранешен автомобилист и една поранешна манекенка се разведени. По разводот, нивната инвестиција, кафе-барот „Ќе биде подобро“ со судската одлука им припаѓа на обајцата по половина. Така, во барот се случуваат различни животни судбини, со смешни со лоши настани. Еден ден, во барот се појавуваат рекетарите кои настојуваат да изнудат пари од сопствениците. Како одговор на тоа, поранешниот брачен пар и посетителите на барот се здружуваат во борбата против рекетарите и продавачите на дрога...