Ќерка е ќерка
Ќерка е ќерка (англиски: A Daughter's a Daughter) ― роман напишан од Агата Кристи и првпат објавен во Обединетото Кралство од издавачката куќа Heinemann на 24 ноември 1952 година. Првично необјавен во Соединетите Држави, подоцна бил издаден како мек повез од издавачката куќа Dell Publishing во септември 1963 година. Тоа бил петти од шесте романи што Кристи ги напишала под името Мери Вестмакот. Првично драма напишана од Кристи во доцните 1930-ти, заплетот раскажува за противењето на ќерката на планот на нејзината мајка да се омажи повторно.
Автор | Мери Вестмакот (псевдоним на Агата Кристи) |
---|---|
Земја | Обединето Кралство |
Јазик | Англиски |
Жанр | Трагедија |
Објавена | 1952 (Heinemann) |
Медиум | Тврд и мек повез |
Страници | 200 |
Претходна | Џеб полн ‘рж |
Следна | По погребот |
Кристи се обидела да го заинтересира Питер Сондерс, подоцна продуцент на „Стапица за глувци“, за претставата во 1950 година. Тој предложил измени за ажурирање на некои од референците, кои сега биле стари дваесет години, и ја испробал претставата во Кралскиот театар, Бат каде што била отворена на 9 јули 1956 година[1] и била изведувана една недела со осум изведби. Била издавана под името Вестмакот, но вистинскиот идентитет на Вестмакот бил познат на јавноста уште од 1949 година, а публицитетот околу новата претстава на Агата Кристи резултирал со добри бројки за посетеност. Меѓутоа, Сондерс сметал дека нема да преживее во Вест Енд и Кристи не го продолжила ова прашање понатаму.[2]
По смртта на Кристи, авторските права за претставата биле во сопственост на нејзината ќерка, Розалинд Хикс, која не беше ентузијастична за претставата бидејќи се верувало дека главниот лик е заснован на неа.[3] По смртта на Хикс во 2004 година, во лондонскиот Вест Енд на 14 декември 2009 година требало да биде отворена нова продукција на претставата, Џени Сигроув и Ханисакл Викс во главни улоги, и продуцирана од Бил Кенрајт. Кенрајт ја опишал претставата како „брутална и неверојатно искрена“ и „Тоа е доволно добра претстава за да се застане без брендот Кристи. Тоа е доста тешка претстафа. Тоа е значителна ноќ во театарот.“[3]
Историја на објавување
уреди- 1952, Heinemann (Лондон), 24 ноември 1952 година, тврд повез, 200 стр.
- 1963, Dell Books (Њујорк), септември 1963 година, мек повез, 191 стр.
- 1972, Arbor House (Њу Јорк), Хардбек, 191 стр
- 1978, Ulverscroft, тврд повез со голем формат, 334 стр. ISBN 0-7089-0217-0
- 1986, Fontana Books (импринт на HarperCollins), мек повез.
Наводи
уреди- ↑ Book and Magazine Collector Issue 174, септември 1998 (стр. 14)
- ↑ Morgan, Janet. Agatha Christie, A Biography. (стр. 286–287) Collins, 1984 ISBN 0-00-216330-6
- ↑ 3,0 3,1 Johnson, Andrew (6 декември 2009). „Solved: The mystery of forgotten Christie play“. The Independent. Архивирано од изворникот на 11 декември 2009. Посетено на 24 ноември 2022.