Љупче Кудев

македонски фудбалер

Ѓорѓи Ѓорѓиев (роден на 7 декември 2003 година[1]) ― македонски фудбалски напаѓач.

Ѓорѓи Ѓорѓиев
Кудев како играч на Брегалница 2008
Лични податоци
Роден на 7 декември 2003(2003-12-07)(20 г.)
Роден во Штип, Македонија
Висина 1.75 м
Позиција Напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Брегалница 2008
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2020– Брегалница 2008
2021–2022Кит-Го Пехчево
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Клупска кариера уреди

Кудев ја има почнато играчката кариера во месниот клуб од Штип, Брегалница 2008. Во декември 2020 година, на негови 17 години, Кудев го потпишал првиот професионален договор со Брегалница 2008, договор кој траел пет години.[2]

Во сезоната 2021/22, тој бил позајмен во Кит-Го Пехчево.[3]

Репрезентативна кариера уреди

Тој бил младински репрезентативец на Македонија.[2]

Тој бил вклучен во македонските репрезентации до 14 и 15 години.[4]

Во март[4] и октомври 2021 година, тој бил повикан во репрезентација до 19 години, за квалификациите за Европското првенство.[3]

Наводи уреди

  1. „9 Љупче Кудев“. Брегалница 2008. Архивирано од изворникот 2021-02-27. Посетено на 8 август 2023.
  2. 2,0 2,1 „Брегалница потпиша петгодишен договор со младинскиот репрезентативец Љупче Кудев“. ekipa.mk. 21 декември 2020. Архивирано од изворникот 2023-08-08. Посетено на 8 август 2023.
  3. 3,0 3,1 „Љупче Кудев со повик во репрезентацијата до 19 години за квалификациите за ЕП, Матеј Георгиев во националниот тим до 18 години“. Брегалница 2008. 8 ноември 2021. Архивирано од изворникот 2021-11-20. Посетено на 8 август 2023.
  4. 4,0 4,1 Киро Манев (2 март 2021). „ЉУПЧЕ КУДЕВ ПОВИКАН ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДО 19 ГОДИНИ- СЕЛЕКТОРОТ ГРОЗДАНОВСКИ ЗНАЕ ШТО САКА!“. stipskiasovi.mk. Архивирано од изворникот 2023-08-08. Посетено на 8 август 2023.

Надворешни врски уреди