Љубе Николовски
Љубе Јовев Николовски ( 1925 во Градовци, Скопско — 15 февруари 1945 во Земун, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, по што се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Македонија стапил во Инжинерскиот баталјон на Четириесет и втората дивизија. Со XV македонски корпус заминал на Срем. Во негов состав учествувал во завршните операции на ослободување на Југославија. Се разболел и починал во болницата во Земун, на 15 февруари 1945 година. Бил закопан на гробиштата во Земун.[1]