Јулските денови се нереди кои се случиле во периодот од 16 јули до 20 јули 1917 година во Петроград, Русија.

Јулски денови
Дел од Руска револуција

Петроград во текот на јулските денови
Датум 16–20 јули 1917
Место Петроград, Русија
Исход Владина победа, брутална дисперзија на демонстрантите и штрајкувачите, при што биле уапсени голем дел од болшевиците
Завојувани страни
Болшевичка партија
Непартиски работници, морнари и војници
Црвена армија
Болшевичка милитантна организација
Русија Привремена руска влада
Русија СР
Русија Меншевикиs
Руско Царство Black Hundreds
Команданти и водачи
Владимир Ленин
Лав Троцки
Павел Дибенко
Григориј Зиновиев
Анархисти
Русија Александар Керенски
Сила
500 000 демонстранти, 4 000 - 5 000 црвени војницинеколку илјади анархисти и 12 000 други офицери Илјадници полицајци, лојални војници, офицери, козаци и црно-стотици
Жртви и загуби
700 убиени демонстранти, 100-тина уапсени мали

На 15 јули 1917 година Кадетите ја напуштиле седницата на Руската привремена влада, заканувајќи се на меншевиците и Социјалистичките револуционери (СРС), со распад на владината коалиција. Јулските денови се одржале во Петроград во периодот од 16 до 20 јули, каде група од војници и индустриски работници започнале нереди во градот и истите биле насочени против привремената буржоазиска влада. Во демонстрациите и нередите учество зеле над 500.000 луѓе. За целиот настан, по неговото задушување, биле обвинети Болшевиците. Во текот на нередите, по наредба на владата, офицерските одреди започнале да пукаат кон демонстрантите. водачот на Болшевиците Ленин бил во бегство додека пак голем број од останатите водачи биле уапсени[1][2][3].Во текот на нередите биле убиени повеќе од 700 луѓе.

Како краен резултат од настаните било оставка на кабинетот и создавање на нова влада предводена од страна на Керенски.

По јулските денови престанало двостраното владеење. Власта преминала целосно во рацете на контрареволуционерите, а советите поминале во нелегалност и започнале подготовка за востание познато како Октомвриска револуција.

Наводи

уреди
  1. Christopher Read (2005) Lenin. London, Routledge: 160-2
  2. A History of Western Society Архивирано на 30 октомври 2002 г.. Chapter Outlines. Chapter 27: The Great Break: War and Revolution, Seventh Edition. John P. McKay, University of Illinois, Urbana-Champaign; Bennett D. Hill, Georgetown University; John Buckler, University of Illinois, Urbana-Champaign
  3. "In July 1917, a half-baked Bolshevik uprising against the Government failed. Trotsky went to prison but Lenin escaped to Finland." (Key Themes of the Twentieth Century by Philip Sauvain. p.54)