Јохан Хелмих Роман

Јохан Хелмих Роман (26 октомври 1694 - 20 ноември 1758) бил шведски барокен композитор. Тој бил наречен „татко на шведската музика“ или „шведскиот Хендел“. Роман бил водач на шведската опера низ поголемиот дел од ерата на слободата на Шведската опера.

Живот

уреди

Роман е роден во Стокхолм во семејството на Јохан Роман, член на шведската кралска капела. Презимето „Роман“ може да потекнува од финското име Раума, бидејќи предците на Јохан живееле во Финска. Момчето најверојатно ги добило првите музички лекции од неговиот татко. Се приклучил во кралската капела во 1711 година како виолинист и обоист. Околу 1715 година, кралот му дал дозвола на Роман да студира во странство, а младиот композитор поминал околу шест години во Лондон.Студирал под Јохан Кристоф Пепуш, ги запознал Франческо Геминијани, Џовани Бонончини и што е најважно, Џорџ Фридерик Хендел, чија музика оставила траен впечаток кај Роман.

Роман се вратил назад во Шведска во 1721 година. Наскоро тој бил назначен за заменик маестро на кралската капела, а шест години подоцна станал главен маестро на шведскиот кралски оркестар. Животот на Роман во текот на 1720 тите години бил полн со организациска активност што довела до зголемени стандарди во капелата и во 1731 година првите јавни концерти во Шведска. Единственото објавено дело на Роман била колекција од 12 сонати за флејта, виолона и чембало, објавена во 1727 година. Во 1730 година Роман се оженил, но неговата сопруга починала четири години подоцна. Во 1734 година, композиторот ја напуштил Шведска за да посети неколку европски земји - Австрија, Англија, Франција, Германија и Италија. Се вратил во Стокхолм во 1737 година, носејќи многу композиции и мелодии напишани од различни композитори, за да се исвират во кралската капела. Во 1738 година Роман повторно се оженил. Во 1740 година, бил избран за член на новоформираната Кралска академија на науките.

Успешната кариера на Роман се свртела кон полошо во раните 1740 тите. Најголемата покровителка на композиторот, кралицата Улрика Елеонора од Шведска, починала кон крајот на 1741 година. Во 1742 година, активноста на Роман била спречена поради повеќе здравствени проблеми. Во 1744 година, Роман компонирал едно од неговите најдобри дела, кој бил изведуван со оркестар за венчавката на престолонаследникот Адолф Фредерик од Шведска и Луиза Улрика од Прусија. Иронично, поради Адолф и Луиза кариерата на Роман настрадала. Новата принцеза имала различен вкус, а нејзиниот сопруг поставил многу силна конкурентна капела. Конечно, втората сопруга на Роман, Марија Елизабет Баумгарт починала во 1744 година, оставајќи го композиторот со пет деца.

Во 1745 година, Роман се повлекол од водачката функција на кралската капела поради глувост, која брзо напреднала во текот на претходните години. Се населил во парохијата Рисби, на имотот Лила Харалдсмала, во близина на градот Калмар во југоисточна Шведска. Освен една посета на Стокхолм во 1751–52 година за директирање на музиката за погребот и крунисувањето по приемот на Адолф Фредерик, последните години на Роман биле посветени на превод на европски теоретски трактати на шведски и адаптација на свети текстови на шведски јазик. Тој починал во Харалдсмала, во 1758 година. Неговите дела никогаш не се заборавени, веќе девет години по неговата смрт, Кралската академија на науките одржала комеморативна церемонија, каде што биле документирани достигнувањата на Роман; копии од делата на Роман се наоѓаат во ракописи од 1810 година.

Музика

уреди

Една од најпознатите композиции на Роман е „Дротнингхолм музика“, или „Музика за кралска свадба“. Се состои од збирка од 24 кратки парчиња со должина од околу една до шест минути. Роман ја напишал оваа музика за свадбата во август 1744 година на престолонаследникот Адолф Фредерик од Шведска и неговата невеста Луиза Улрика од Прусија. Нивната венчавка се одржала во палатата Дротнинхолм (оттука и модерната титула). Прославата траела четири дена. Делата на „Дротнингхолм музика“ очигледно биле избрани и наредени како што одговара на приликата. Роман, исто така, чувал осум дела во резерва. Овие дела се познати како Суит во Д мајор.

Во ракопис останува миса, мотети, повеќе од 80 псалми, 21 симфонија, 6 увертири, повеќе од 20 сонати за виолина, дванаесет сонати од чембала и разни други дела.

Користена литература

уреди
  • Bengtsson, Ingmar & van Boer, Bertil H. (2001). "Johan Helmich Roman". In Root, Deane L. (ed.). The New Grove Dictionary of Music and Musicians. Oxford University Press.‎
  • Keefe, Simon P., 1968. The Cambridge History of Eighteenth-Century Music. Cambridge: Cambridge University Press, 2011. Page 421.

Надворешни врски

уреди