Јоханес Лихтенауер

Јоханес Лихтенауер (германски: Johannes Liechtenauer) — германски мечувалски мајстор од XIV век. Најверојатно е роден во периодот од почетокот до средината на XIV век, во Лихтенау, Средна Франконија. За него самиот имаме само малку информации, и тие се зачувани, заедно со неговите учења, во ракописот MS 3227a и подоцнежни дела од следбениците на неговото учење. Според авторот на овој ракопис, Лихтенауер бил „голем мајстор“ кој пропатувал низ „многу земји“ за да го научи мечувањето. Во подоцнежни рекописи од XV век се зборува за т.н. „Лихтенауерово друштво“ (Gesellschaft Liechtenauers), група мечувалски мајстори кои се сметале за следбеници на неговата школа, и кои чувале записи од неговите учења. За постоењето ваквиот назив сведочи и Паулус Кал во 1460-тите, но називот излегува од употреба во доцниот XV век со издигањето на Братството на Св. Марко.

Мечувалски мајстор во својата одаја, веројатно Лихтенауер, фол. 2v од книгата на Петар Гдањски (1452)

Учењата на Лихтенауер се зачувани делумно во стихови со рима (можеби намерно предвидени да бидат тешко разбирливи, за да не може секој да ги учи техниките, или пак како систем на мнемонички средства за оние кои се разбираат). Од Лихтенауеровиот систем произлегла сета германска мечувалска школа. Неговото дело било предмет на најразлични осврти, проширување и измени во текот на целиот XV век во таканаречените „мечувалска книги“ (Fechtbücher), дела на мајстори како Ханко Дебрингер, Зигмунд Рингек и Петар Гдањски, а истото продолжило и во XVI век, во делата на Паулус Хектор Мајр и Јоахим Мејер. Впрочем во тоа време веќе се зацврстила нормата според која секој мајстор кој држел до себе се претставувал како следбеник на Лихтенауеровите учења, дури и кога неговото влијание било незначајно, или каде некои елементи јасно им пркоселе на начелата на Лихтенауер.

Веќе во времето на Лихтенауер, борбената обука (Fechten) не била ограничена на само едно оружје, туку се изучувале најразлични техники за борба со долг меч, меч и штит, бодеж, месер (голем нож), како и невооружени техники на борење со и без оклоп, а понекогаш и на коњ.

Лихтенауерово друштво

уреди

Кон средината на XV век, мечувалските мајстори кои ја следеле традицијата на Лихтенауер уживале голем престиж. Паулус Кал (Cgm 1507, 1460) дава листа од 17 мајстори кои му припаѓале на т.н. „Лихтенауерово друштво“ во кои (покрај тој самиот) се вбројуваат мајсторите:

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
 
Викиизвор
Викиизворот на германски има изворна содржина поврзана со оваа статија: