Паулус Хектор Мајр

Паулус Хектор Мајр (германски: Paulus Hector Mair, 1517 - 1579) — градски чиновник од Аугсбург, Баварија, активен деец во полето на боречките вештини во тоа време. Бил страствен колекционер на мечувалски книги и самиот се заложил да го собере сето знаење за мечувалството во една голема збирка во која се содржат сите дотогашни дела. За таа цел го ангажирал сликарот Јерг Број Помладиот, како и двајца искусни мечувалци, кои имале за задача да ги усовршат техниките пред да бидат насликани. Овој проект чинел многу пари, и траел цели четири години, и самиот Мајр вели дека за таа цел ги потрошил сите семејни пари и сиот имот. Зачувани се три верзии на неговата збирка, како и уште една подоцнежна непотполна верзија.

Паулус Хектор Мајр
Роден1517
Аугсбург, Германија
Починал1579
Аугсбург, Германија
Причина за смртпогубен на бесилка
ЗанимањеЧиновник
Познат(а) пособирање и составување на мечувалски книги
Страница
http://paulushectormair.com/

Мајр не само што потрошил огромна сума пари за своите збирки и проекти, туку и водел исклучително скап живот, и често бил домаќин на друштвени настани и приеми за најважните членови на локалната буржоазија. Неговите сопствени приходи не ги задоволувале потребите, па затоа Мајр ја злоупотребувал неговата функција како надзорник на градската каса (од 1541 г.) и долги години проневерувал фондови. Во 1579 г. неговите проневери биле откриени, и за тоа Мајр бил обесен, на старост од 62 години.

Ракописи

уреди
 
Страница од Ракпс. Дрезд. C 93:
фол. 75v: 112: Am schnit mit ainem uberfallen aus der Kron
fol. 76r: 113: Die ersten Kampfstuck des langen Schwerts
  • Национална библиотека на Австрија, Виена, Codex Vindobensis 10825/26 по 1542, два тома, 270+343 фолии, двојазичен латинско-германски текст.
  • Градски архив на Аугсбург, Schätze B2 Reichsstadt, 1553, 110 фолии, илустриран од Хајнрих Фогтер, заснован на материјал преземен од Антон Раст од Нирнберг († 1549).

Литература

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди