Јосиф Бошевски — офицер, македонски бригаден генерал.

Јосиф Бошевски
Роден 7 ноември 1948
Журче, Македонија
Починал 1 јануари 2010
Журче, Македонија
Занимање Бригаден генерал

Животопис

уреди

Бошевски е роден на 7 ноември 1948 година во демирхисарското село Журче во семејството на Ристо и Драгица. Во 1967 година завршил гимназија во Крушево. Потоа во 1971 година дипломирал на Воената академија на копнените сили на ЈНА со артилериски профил. Неговиот воена служба почнала во 1971 година како командант на вод во артилериски полк во Битола. Бил командант на батерии во истиот полк помеѓу 1972 и 1981 година. Во 1979 година ја завршил Командната академија на копнените сили на ЈНА. Од 1981 до 1982 година бил заменик командант на Мешовитиот артилериски полк во Битола. Во периодот 1982-1986 година бил командант на мешан артилериски полк во Битола. Помеѓу 1986 и 1992 година бил главен офицер одговорен за артилеријата. Во 1992 година се приклучува на армијата на Република Македонија и е именуван за командант на граничен баталјон. На оваа функција останал до 1994 година, кога бил назначен за разузнавач. Од 1994 до 2001 година бил командант на бригада во Кичево. Беше ослободен во април 2001 година. Починал на 1 јануари 2010 година во родното село[1].

Унапредувања

уреди

Награди

уреди
  • Медал за воени заслуги 1975 година;
  • Орден за воени заслуги со сребрени мечеви 1980 година;
  • Орден на трудот со сребрен венец 1984 година;
  • Орден на Народната армија со златен венец 1990 година.

Наводи

уреди
  1. „Стојановски, М. и Стојаноски, Б. Воени генерали во Македонија (1943 – 2017). 2-ро издание. Печатница „ЕВРОПА 92" – Кочани, 2017, с.70“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-08-03. Посетено на 2022-06-09. no-break space character во |title= во положба 68 (help)