Јордан Савески
Јордан Савески (18 октомври 1945, Рамна, Битола) — хирург трауматолог, универзитетски професор директор на Клиниката за трауматологија и на Ургентниот хируршки центар во Скопје.[1]
Јордан Савески | ||
Роден | 18 октомври 1945 Рамна, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | универзитетски професор, хирург |
Животопис
уредиОсновно и средно образование завршил во родниот град, а Медицински факултет во Скопје, каде дипломирал во 1969 година. По дипломирањето, работел на Хируршката клиника во Скопје. Во 1976 година бил избран за помлад асистент по предметот „Хирургија“.[1] Една година работел и како општ хирург во болница во Либија, а во 1981 година бил на усовршување во Америка.
Во 1989 година бил избран за претседател на Здружението на хирурзите на Македонија, и избран за шеф на Трауматолошката клиника во Скопје. Бил директор на Клиниката за трауматологија, а во 1995 година бил назначен за шеф на Ургентниот хируршки центар во Скопје. Со звањето редовен професор по општа хирургија се стекнал во 1996 година. Од 1999 година до 2004 година бил декан на медицинскиот факултет во Скопје.[1]
Добитник е на Орден на трудот со сребрен венец, а во 2004 година ја добил наградата „11 Октомври“ за животно дело.[1]